22.8 C
Скопје
14 септември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Филипче: На ВМРО и на ДУИ им одговараат наративите на меѓуетнички конфликт и дестабилизација!

Оваа стратегија на подигање на меѓуетничката тензија, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја спроведуваа пред изборите, а сега повторно ја враќаат во игра. Ако се земе предвид дека ДУИ му даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за реорганизација на министерствата, без кои не можеше да се формира влада, тогаш не би се чудел целата работа да е договорена стратегија меѓу двете партии, вели лидерот на СДСМ Венко Филипче за „Фокус“.

„Што ДУИ ќе прави и кои се нивните планови е нивна работа и политичка одлука. Доколку институциите имаат какви било информации за нарушување на стабилноста на државата мора итно да дејствуваат, но тоа гледаме дека не се случува. Освен секојдневните прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски, ниту кој било друг од владата не почна истрага или презема нешто конкретно. Претседателката Силјановска воопшто не е запознаена со овие најави, Советот за безбедност не е ни формиран, а среде таканаречена дестабилизација, премиерот заминува на одмор. Би рекол дека ова е крајно неодговорно политичко однесување на власта, ако не се знае дека, сепак, ова е само една добро препознаена тактика за манипулација и дефокусирање“, рече Филипче.

Од друга страна, додава тој, „обидите да се вовлече СДСМ во целата приказна само потврдуваат дека на владата многу лошо ѝ оди. Општата перцепција е дека ВМРО-ДПМНЕ потфрла на секој чекор и има големо разочарување во јавноста“.

„Во почетните месеци, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нивната кампања била само голема лага. Но, тоа најмалку може да го покрива со заплашување од дестабилизација и со обид во тоа да го вовлече и СДСМ, преку секојдневна партиска пропаганда. Тоа е само очаен обид за дефокус од проблемите во новата влада. Сакам јасно да порачам дека СДСМ не е, ниту некогаш ќе биде дел од вакви игри, уште помалку од каква било дестабилизација. Нема да дозволам СДСМ да биде вовлечена во таквите нечесни игри на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, вели Филипче и додава: „Сметам дека, во политичка смисла, на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ многу им одговараат наративите на меѓуетнички конфликт и дестабилизација“.

Соред него, ова им одговара и на ЗНАМ, кои се целосно маргинализирани во владата, па имаат можност да го оживеат својот националистички наратив.

„Оваа стратегија на подигање на меѓуетничката тензија, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја спроведуваа пред изборите, а сега повторно ја враќаат во игра. Ако се земе предвид дека ДУИ му даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за реорганизација на министерствата, без кои не можеше да се формира влада, тогаш не би се чудел целата работа да е договорена стратегија меѓу двете партии. Дури и да не е договорена, таа во интерес на двете страни“, вели Филипче.

Ваквите сценарија, според него, носат само застој во развојот на државата, на економијата, многу конфузија и страв кај граѓаните. „Ништо добро не сме виделе од бескрајните меѓуетнички теми, освен покачени тензии и назадување на државата. Но, добро е што за разлика од претходниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ, сега граѓаните и стручната јавност многу рано ги препознава истите тактики, а со тоа и ефектот од нив е слаб“, истакнува Филипче.

Постизборните коалиции, вели тој, треба да се прават на база на усогласувањата на програмите и идеолошката позиција на партиите, а не да се условуваат по принципот „победник со победник“ во законска регулатива. „Право на секоја партија и политички субјект е да избере коалициски партнер, пред или по изборите“, додава првиот човек на СДСМ.

Најавите за некаква територијална реорганизација, според него, се исто така дел од таа поширока стратегија за подигање на етничките тензии и окупирање на просторот со вакви теми. Такво нешто, вели Филипче, не може да добие поддршка од ниедна партија, најмалку од СДСМ. Тој смета дека тоа е за дневнополитичките потреби на ДУИ и нивно факторизирање.

„Да бидам искрен, верував дека овие манипулативни политики и барања ќе завршат со завршување на кампањата, но, за жал, еве гледаме дека продолжуваат. Наша обврска како одговорна партија е да ги разобличуваме и им се спротивставуваме, што досега сметам дека успешно го правиме. Јас како претседател на СДСМ, никогаш нема да дозволам партијата да биде вовлечена во овие сценарија и ќе функционираме како глас на разумот. Некој ќе рече дека на тој начин не го постигнуваме ефектот, но јас цврсто сметам дека не смее секоја цел да биде оправдана со вакви средства“, вели првиот човек на СДСМ.

Related posts

Османи: Ако има државно вмешување во случувањата на северно Косово, С.Македонија ќе го преиспита своето учество во Отворен Балкан

admin

САД ја повикаа Србија да ги истражи наводите за изборни нерегуларности

admin

Сарацин со директна порака: Ризикувате многу ако не ги изгласате уставните измени

admin

Заев за Катимерини: Пред Преспа бевме поблиски со Турција, сега сме со Грција

admin

„Не“ за рудници во дворовите, не покрај нивите – Повик за гаранција за еколошки параметри во првата Стратегија за рударство

admin

Техничка влада – наместо за државата, работат за партиите

admin