20.8 C
Скопје
14 септември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Фидан во Скопје: Турција ќе продолжи да инвестира во Северна Македонија

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, денеска (5 септември) е во официјална посета на Северна Македонија каде со неговиот колега Тимчо Муцунски ги истакнаа традиционално добрите односи меѓу двете држави.

На прес-конференција во Скопје, Фидан нагласи дека имаат цел да ги зајакнат економските врските.

„Соработката, пријателско и сојузништвото со Македонија го цениме многу. Разговаравме како можеме да ја унапредиме оваа соработка. Како Турција, изразуваме дека имаме интерес да потпишеме Биш стратешки совет за соработка. Турција има цел да се зголеми билатералната економска соработка на две милијарди и ќе продолжиме со поддршка на турските компании да инвестираат во земјава“, изјави Фидан.

Министерот Муцунски потенцираше дека Турција е НАТО сојузник ни докажан пријател на Северна Македонија.

„Традиционално добрите односи позитивно влијаат на економската соработка. Со Турција споделуваме заеднички ставови и за безбедносни и регионални прашања. Посебно го запознав со нашиот евроинтеграцискиот пат, со посебен акцент дека предвидливост е многу важна“, изјави Муцунски.

Фидан е првиот министер за надворешни работи кој доаѓа во посета на Северна Македонија откако Муцунски раководи со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија односно по формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во неговата агенда беше и посета на Собранието, каде имаше средба со претседателот Африм Гаши.

На средбата присуствувале и генералната секретарка, Марина Димовска, и членови од Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со турскиот Парламент, чиј претседател е пратеникот Бејџан Иљас.

Како што информира собранискака служба, Претседателот Гаши истакнал дека Северна Македонија и Турција негуваат силно традиционално партнерство и пријателство. Нашите две земји, рекол тој, одлично соработуваат во рамки на НАТО, а потпишан е и Протокол за соработка во делот на европските интеграции.

Гаши потсетил и на одличната економска соработка, нагласувајќи го фактот дека Туркије постојано е меѓу нашите најзначајни трговски партнери.

„Во тој контекст, претседателот истакна дека нашиот интерес за унапредување на економската соработка и поттикнување турски инвестиции во земјава го потврдивме со испраќање на економски промотор во Туркије, а во таа насока работи и Стопанската комора на РСМ–РТ, МАТТО“, се вели во известувањето.

Претседателот на Собранието упати и лична благодарност до министерот Фидан за неговиот придонес како еден од промоторите на активностите во земјава на  Агенцијата на Република Туркије за соработка и координација – ТИКА, која подолго време е ангажирана во Северна Македонија и има реализирано бројни проекти во културата, здравството, образованието, земјоделството и слично.

Соговорниците се согласија дека двете држави ги поврзуваат историски и културни врски, а граѓаните од турската заедница во земјава и граѓаните кои се иселени од тука и живеат во Република Туркије се мост за унапредување на односите.

На средбата, била истакната и плодната и успешна соработка на ниво на парламенти. Во таа насока, претседателот Гаши ја најави својата посета на Анкара и средбата со својот турски колега следниот месец.

Шефот на турската дипломатија, пак, му го честиташе на претседателот Гаши изборот на функцијата, изразувајќи уверување дека овој состав на Собранието на РСМ ќе ја продолжи и продлабочи соработката со Туркије на парламентарно ниво и дека таа ќе биде уште поплодна во наредниот период.

 

Related posts

НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРСКО-СИРИСКИОТ ПОГРАНИЧЕН РЕГИОН

ninja

Кина и Русија го критикуваат Израел, се заоструваат поделбите со Западот

admin

Германија: Нападот врз КФОР не смее да остане неказнет

admin

РУСКИ РАКЕТИ ПОГОДИЈА ЦЕЛИ ВО ПОЛСКА, ДВЕ ЖРТВИ

ninja

Новинарката на РСЕ, Алсу Курмашева 100 дена во руски притвор: „Сè помалку е подносливо“

admin

Како економски тенкови, турските компании го гледаат Египет

admin