0.8 C
Скопје
18 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Алис Вајдел е канцеларска кандидатка на АфД

За првпат во партиската историја, АфД именуваше кандидат за канцелар за изборите за Бундестагот. Потврдувањето на денешната номинација на Алис Вајдел на партискиот конгрес во јануари се смета за формалност.

 

Екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) ја номинираше Алис Вајдел за кандидатка за канцеларка на Германија на претстојните парламентарни избори кои ќе се одржат на 23 февруари.

Денешната одлука на извршниот одбор на партијата за номинацијата на копретседателката на АфД, Вајдел, треба официјално да биде потврдена на партискиот конгрес во јануари во Риза, што пак се смета за формалност.

АфД во последно време добива на популарност и во моментот според анкетите е втора најсилна партија во земјата, по десничарските демохристијани. АфД во моментов има меѓу 18 и 19 отсто во анкетите.

Мали шанси да стане канцеларка

Ова е првпат АфД да предложи свој кандидат за канцелар. Сепак, мали се шансите Вајдел да стане канцеларка, бидејќи другите партии одбиваат да соработуваат со екстремната десница.

Вајдел, 45-годишна економистка, рече дека ќе ја рестартира заболената економија во земјата, ќе стави крај на енергетската транзиција во Германија и остро ќе ја намали имиграцијата. Вајдел денеска ја нарече илегалната миграција во Германија „извор на секое зло“.

Жестокиот антиимиграциски став на АфД и откривањето на плановите на други германски екстремно десничарски движења за депортирање на милиони имигранти и нивни роднини доколку дојдат на власт во Германија, доведоа до повеќенеделни протести во земјата минатата зима.

Раст на поддршката на АфД

Владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц се распадна минатиот месец. Шолц планира да свика гласање за доверба во парламентот на 16 декември. Се очекува да загуби, со што ќе се отвори пат за предвремени избори на 23 февруари.

Длабокото незадоволство од владата на Олаф Шолц поради инфлацијата и слабата економија, како и антиимиграциските чувства и скептицизмот во врска со германската воена помош за Украина се меѓу факторите кои придонесоа за растот на поддршката на АфД.

Останатите кандидати за канцелар се актуелниот канцелар Шолц од Социјалдемократската партија, Фридрих Мерц од Демохристијаните и Роберт Хабек од Зелените. / DW

Related posts

ЗОШТО МНОЗИНСТВОТО Е ПРОТИВ ВНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ?

ninja

Личи на сѐ, само на главен град – не!

admin

Загриженост во Берлин: Германската економија падна во рецесија

admin

Како економски тенкови, турските компании го гледаат Египет

admin

ШОК БОМБА ФРЛЕНА ВРЗ ПАТРОЛА НА ЕУЛЕКС НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО

ninja

Милошоски: Советник на Јанева може да ја урне репутацијата на Судскиот совет

admin