14.8 C
Скопје
24 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Џелал Незири за ЦИВИЛ: Цивил се појави како искра надеж дека работите ќе се сменат кон подобро и стана оаза на слободата

Претседателот на Институтот БИРС, истражувачкиот новинар и аналитичар, Џелал Незири, даде посебна изјава по повод 25-годишнината од основањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода во која истакна дека организацијата половина век е во активна служба на граѓаните.

Кога се роди Цивил, нашата земја беше во период на потиснување на сите можни слободи и промоција на униформирано општество, водено од цврста рака.

Цивил се појави како искра надеж дека работите ќе се сменат кон подобро и стана оаза на слободата во заробена држава.

25 години подоцна Цивил е веќе етаблирана организација за промоција на човековите права и слободи, која е препознаена во државата, регионот и пошироко. Придонесот на Цивил кон демократизација на државата и општеството е немерлив, а потребата за понатамошно функционирање на организацијата е императив, земајќи ги предвид глобалните и регионални геополитички динамики.

Борбата на Цивил е борба на сите демократски умови, за кои индивидуалните слободи и права никокаш не се доволни или претерани. Борбата за слобода е борба за човекот и неговото достоинство. Таква беше и останува мисијата на Цивил, која се протега преку државните граници.

Затоа, во име на Институтот БИРС кој го водам, му посакувам на Цивил да слави бескрајни јубилеи и успеси, проследено со уште посилна промоција на квалитетната демократија и заштита на слободата, како темел на истата.

Related posts

Совет на амбасадори на САД престојуваа во Скопје: Да не зе блокира евроинтеграцијата на С.Македонија

admin

Таен тендер за трет вид камери над сообраќајниците

admin

ЕУ ОЧЕКУВА СРБИЈА ДА СЕ АКТИВИРА ВО БОРБАТА СО ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ

ninja

Бајден: Секоја генерација мора да ја заслужи слободата

admin

Кандидатурите за еврокомесари низ скенерот „Македонија“

admin

Илинденски пораки: Наместо поделби, обединување за општо добро

admin