13.8 C
Скопје
26 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Лидерот на про-руската „Преродба“ најавува припојување на Македонија кон Бугарија

Лидерот на бугарската политичка партија „Преродба“, Костадин Костадинов, предизвика контроверзии со својот пост на неговиот профил на „Фејсбук“, каде изрази поддршка за визијата за обединување на Бугарија и Македонија во една држава, по примерот на САД и Канада, идеја промовирана од новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Костадинов напиша дека нема ништо „по-логично и по-нормално од тоа две земји со заедничка историја, потекло, јазик и народ, како САД и Канада, да станат една држава“. Во истиот контекст, тој ги поддржа и претензиите на Трамп за враќање на контролата над Панамскиот Канал, наведувајќи дека САД биле први сопственици на таа земја, ја изградиле и ја контролирале до 1979 година.

Во својот пост, Костадинов директно го поврза ставот со Балканот. Тој оваа теза ја спореди со „претензиите“ на Бугарија за областите во Јужна Бесарабија, за кои вели дека биле дел од бугарската држава повеќе од 450 години и каде, според него, Бугарите сè уште се мнозинство.

„Украина ја контролира Јужна Бесарабија едвај 34 години“, напиша Костадинов, додавајќи дека „распадот на Украина е неизбежен и дека на идниот „мирен конгрес“ за решавање на украинската криза, Бугарија треба да ги поднесе своите претензии за оваа област“.

Овој став на Костадинов доаѓа во време на чувствителни регионални односи. Македонија и Бугарија во изминатите години имаат сложени односи поврзани со историјата, идентитетот и јазикот, што се одрази и на блокадата од страна на Бугарија за македонскиот пристапен процес во Европската Унија.

 

 

Related posts

ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ГАЛИЧНИК 2023: Колонизација/Деколонизација на природата

admin

КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ ВО ЕУ: „СРАМНИ ПОСТАПКИ“

ninja

САД денес ќе најават нови санкции за Русија

ninja

ПОВЕЌЕ РАБОТА, А ПОМАЛКУ ЖАЛЕЊЕ, ПОРАЧА ШЕКЕРИНСКА ПРЕД УТРЕШНИОТ САМИТ ЕУ-ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ТИРАНА

ninja

ТАРАВАРИ СО „ПРАЗНИ РАЦЕ“ ЗАМИНА ОД ВЛАДАТА

ninja

ДЕЛ ОД ОПШТИНИТЕ „МУВА“ НЕ ГИ ЛАЗИ ЗА ШТЕДЕЊЕ

ninja