15.8 C
Скопје
12 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Северна Македонија чека одлука од Уставниот суд за „солидарниот данок“

Иако Владата сè уште не доставила мислење до Уставниот суд околу „солидарниот данок“, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ќе ја почитуваат одлуката што ќе биде донесена. Тој додаде дека, без разлика дали ќе треба да се враќаат средства од државната каса или не, Владата ќе најде начин да обезбеди финансии преку ребаланс на буџетот.

„Ако донесат таква одлука, што да правиме? Ќе ги вратиме тие пари. Ќе скратиме од нешто друго, ќе направиме ребаланс. Тие пари мораме да ги вратиме. Одлуките на Уставниот суд се конечни и не може да се коментираат. Но, исто така, ќе ја разгледаме можноста за кривична одговорност на тие што донесоа одлука на овој начин да се води економијата бидејќи, де факто, луѓето се оштетени. Може утре и камати да ни бараат ако донесе таква одлука Уставниот суд“, изјави Мицкоски.

Според „Гласот на Америка“, Владата не е обврзана да го достави своето мислење до Уставниот суд, но отсуството на мислење не ја прекинува постапката.

Бизнис-заедницата останува на ставот дека законот треба да биде поништен и дека парите собрани преку овој данок мора да се вратат на компаниите.

Три опции пред Уставниот суд

Уставните судии разгледуваат три можни опции за решавање на овој случај. Првата е укинување на законот, со што тој нема да може да се применува во иднина. Втората е поништување, што би значело дека државата ќе треба да ги врати средствата собрани преку данокот. Третата, ретко користена во судската пракса, е запирање на постапката.

Законот за солидарен данок, донесен во септември 2023 година, воведе дополнителен данок за околу 150 компании, од кои беа собрани приближно 50 милиони евра. Бизнис-секторот аргументира дека законот е ретроактивен,

 

 

Related posts

Мицковски се сретна со Гир

admin

Младо момче, спасител од пожарот во Кочани, доби признание и стипендија

admin

Емитувањето на „Русија денес“ во Босна и Херцеговина дополнително ја усложнува политичката ситуација

admin

Амбасадорката Агелер за црната листа: Можам да ве уверам, ќе дојдат и други имиња

admin

Средба на „поглавиците“ или дебата на пратениците?

admin

Советот на Јавни Обвинители тежи 2,4 милиони евра: Колева најбогата, Исаку надвор од „радарот“ на ДКСК

admin