12.8 C
Скопје
19 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дали Минхенската безбедносна конференција ќе биде почеток на крајот на војната во Украина?

Во главниот град на Баварија денеска (14 феврауари) почнува 61. Минхенска безбедносна конференција. Во услови на зголемени глобални тензии, овогодинешниот собир, што ќе се одржи следните три дена во хотелот Бајеришер Хоф во Минхен, ќе собере светски лидери, креатори на политиката и експерти за да разговараат за итни безбедносни прашања, како што се тековната војна на Русија против Украина, кризата во Газа и променливата динамика на меѓународните сојузи.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави „состанок во Минхен в петок, на високи претставници од Русија, Украина и САД“.

Тoj им рече на новинарите во Овалната соба дека „Русите таму ќе се состанат со луѓе од нашата земја. Поканета е и Украина. Не знам точно кој ќе ја претставува секоја земја, но тоа ќе бидат високи претставници од Русија, Украина и САД”.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски реагираше дека Украина нема да прифати никакви договори без учество на Киев, наведувајќи и дека Украина не може „да дозволи се да оди според планот на Путин“.

Дмитро Литвин, советник на претседателот Володимир Зеленски рече дека Киев не размислува за учество на состанокот во Минхен со руски претставници што го најави Трамп.

„Договорен заеднички став (со сојузниците на Киев) мора да биде на маса за разговори со Русите… Засега нема ништо на маса. Разговори со Русите не се планирани“, изјави Литвин, советник на претседателот Володимир Зеленски.

Во меѓувреме државниот секретар Марко Рубио телефонски разговарал со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха за „потребата од храбра дипломатија“ за ставање крај на руско-украинската војна, соопшти Стејт департментот.

„Тие (Рубио и Сибиха) разговараа за потребата од храбра дипломатија за да се стави крај на војната во преговорите кои водат кон одржлив мир“, се вели во соопштението на Стејт департментот, додавајќи дека високиот американски дипломат, исто така, ја нагласил посветеноста на Вашингтон за независноста на Украина.

Ден претходно, Трамп разговараше за војната во Украина со рускиот претседател Путин и украинскиот претседател Зеленски, што беше првиот голем чекор на Трамп кон дипломатијата за ставање крај на конфликтот.

Трамп рече дека имал „долг и многу продуктивен“ телефонски разговор со Путин и дека се согласиле нивните тимови „веднаш да започнат преговори“ за ставање крај на војната во Украина.

Тој потоа разговараше со Зеленски, кој рече дека разговарале за „можностите за постигнување мир“ и „нашата подготвеност да работиме заедно на тимско ниво“.

Разговорот на Трамп со Путин се смета за дел од намерата на Белата куќа брзо да се стави крај на речиси тригодишната војна.

Како удар за наведените цели на Украина да се приклучи кон НАТО и да ја истисне Русија од сите делови на Украина што ги окупира, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет им рече на сојузниците на НАТО во Брисел на 12 февруари дека е „нереално“ да се очекува украинските граници да се вратат како во 2014 година и рече дека членството во НАТО Белата куќа не го гледа како дел од решението на конфликтот.

Трамп, исто така, рече дека членството на Украина во НАТО нема да биде „практично“.

Коментарите се некои од најјасните индикации од новата администрација на Трамп за тоа како претседателот има намера да го исполни своето предизборно ветување за брзо завршување на војната, но некои аналитичари велат дека тоа е лоша стратегија да се постави основа за преговори со давање поволни услови за Русија.

Оксана Шевел, професорка по политички науки на Универзитетот Тафтс, за РСЕ изјави дека Украина веќе сметала дека нејзините надежи за влез во НАТО ќе бидат исфрлени од масата во преговарачкиот процес за ставање крај на војната.

Но, таа предупреди дека ќе биде поголема работа доколку Путин се обиде да го убеди Трамп да ја повлече декларацијата на НАТО за „неповратниот пат“ на Украина кон членство.

Инаку на Минхенската безбедносна конференција се очекува да присуствуваат украинскиот потпретседател Володимир Зеленски, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, државниот секретар Рубио, секретарот за одбрана на САД Пит Хегсет и специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија Кит Келог, како и високи европски претставници.

Покрај Венс, на конференцијата ќе присуствува и американскиот државен секретар Марко Рубио, како и голем број високи светски претставници, меѓу кои и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. На собирот ќе учествуваат и високи претставници на ОН, за да се потврди посветеноста на ОН за поттикнување на меѓународниот дијалог и соработка, објавено е на веб-страницата на организацијата.

Меѓу нив се високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди, генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус и генералниот комесар на УНРВА Филипо Лазарини.

Во соопштението објавено на веб-страницата се истакнува дека „во време на конфликт во повеќе региони и зголемена геополитичка несигурност“, овогодинешната конференција се очекува да послужи како клучна платформа за дијалог и соработка на високо ниво.

Покрај Блискиот исток и војната на Русија против Украина, други клучни теми вклучуваат иднината на НАТО, глобалните трошоци за одбрана и предизвиците за кибер безбедноста, како и зголемените тензии во Индо-Пацификот и меѓународниот одговор на тековните конфликти во Судан и Демократска Република Конго.

Главната програма почнува утре со фокус на глобалните безбедносни предизвици, вклучително и глобалното владеење, демократската отпорност, климатската безбедност и многу други теми.

Од своето основање во есента 1963 година, Минхенската безбедносна конференција е водечки светски годишен форум за дебата за меѓународна безбедносна политика и дипломатски иницијативи за решавање на најитните безбедносни проблеми во светот. /РСЕ

Related posts

Премиерот Ковачевски најави оставка

admin

Шеќеринска повика на поблиска соработка меѓу НАТО и ЕУ во услови на зголемени безбедносни предизвици

admin

Мицкоски: Потпишани договори за капитални инвестиции од 250 милиони евра за општините

admin

Економијата во 2024: Има ли надеж за пооптимистички тонови?

admin

Борел: Гласачите, од страв, би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ

admin

Груби: Државата нема платено пенали на „Бехтел и Енка“

admin