12.8 C
Скопје
19 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Капетановиќ се сретна со високи владинипретставници во Скопје

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка(СРС), Амер Капетановиќ, ја заврши својата продуктивна посета на Северна Македонија, остварувајќи разговори со претседателкатаГордана Силјановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и Андреј Лепавцов, директор на Директоратот за ЕУ при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Разговорите беа фокусирани на унапредување на спроведувањето на Акцискиот план за Заедничкиот регионален пазар, придвижување на напредокот во рамките на Стратегијата 2030 за Југоисточна Европа и зацврстување на обврските кон Зелената агенда за регионот. Соговорниците ја потврдија својата посветеност на агендите на СРС, реафирмирајќи ги заложбите за зајакната проактивната приспособливост кон регионалните иницијативи, во насока на забрзана поблиската соработка низ регионот.

 

Посетата, која е дел од турнејата наГенералниот секретар на СРС низ Југоисточна Европа, го истакнува значењето на Северна Македонија како клучен регионален партнер. Разговорите ги истакнаа значајните достигнувања на земјата, вклучувајќи го нејзиното лидерство во усвојувањето на првиот Енергетски и климатски план за Западен Балкан, зголемената конкурентност во иновациите и дигитализацијата, како и претстојната улога на домаќин на Самитот на Западен Балкан за дигитализацијата. Приоритетите на СРС за наредниот период – како што се подобрување на деловното опкружување, поттикнување на иновациите и поддршка на одржливиот раст – тесно се усогласени со тековните напори на Северна Македонија.

„Северна Македонија продолжува да демонстрира визионерско лидерство и силна посветеност кон унапредување на регионалната соработка. Работејќи заедно, можеме да постигнеме поинтегрирана, одржлива и поконкурентна Југоисточна Европа“, изјави генералниот секретар на СРС,Амер Капетановиќ.

Преку овие средби, СРС ја потврди својата посветеност кон поддршката на напредокот на Северна Македонија и зајакнувањето на соработката низ регионот. Иницијативи како што се тие поврзани со олеснување на парламентарната соработка, подобрување на механизмите за споделување на ризиците од катастрофи и поддршка на дигиталната трансформација, ќе останат во фокусот на работата на СРС. Активното вклучување на организацијата во спроведувањето на Стратегијата 2030 за Југоисточна Европа, заедно со нејзината улога како мост помеѓу регионалните чинители, ќе помогне регионот да остане на патот на одржлив раст и поблиска усогласеност со стандардите на Европскатаунија.

Генералниот секретар на СРС, исто така, се сретна со амбасадорот на Европската унија во Северна Македонија, Михаилис Рокас, со кого разговараше за решеноста на Западен Балкан да напредува на својот пат кон ЕУ и посветеноста кон регионалните приоритети.

По посетата на Скопје, Генералниот секретар наСРС продолжува за Тирана, каде што ќе се сретне со Претседателот на Албанија иПретседателот на парламентот. До крајот на неделата, г. Капетановиќ ќе претседава со состанокот што РСС го организира во Брисел, со Шерпите на премиерите од Западен Балкан 6 (WB6), посветен на спроведувањето на Акцискиот план за Заедничкиот регионален пазар.

Related posts

Мицкоски: Кога ќе дојдеме на власт подготвени сме да репреговараме за Договорот со Бугарија, ако тоа не успее, ќе побараме 61 пратеник за негово поништување

ninja

Што е УСАИД: “Гнездо на змии” или “играчка на Сорос”?

admin

Пред Скопје – уставните измени, пред Тирана – Белери

admin

Приведени три крадци од Куманово

admin

БОРИСОВ – ГЛЕДАМ ОБИД ЗА ВРАЌАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОД РУСКО ВЛИЈАНИЕ

ninja

Кренар Лога: Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија

admin