27.8 C
Скопје
11 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

” Кој е следен?” најавува протести во Скопје

Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ најави протест за недела, 2 февруари, во 17:00 часот на булевар Партизански Одреди, кај Универзална сала, во знак на револт против, како што велат, повторувачките случаи на неконтролирано возење, неказнивост и загуба на човечки животи.

„Случајот со Фросина Кулакова не е изолиран инцидент. Со години се соочуваме со исти проблеми – недостаток на санкции и систем што не гарантира безбедност“, се вели во соопштението на иницијативата.

Организаторите посочуваат дека системот не нуди доволна поддршка за децата и младите, што доведува до нивна маргинализација и избор на ризични животни патеки. „Институциите не се координирани, а последиците се сè почести фатални исходи“, се додава во соопштението.

Протестот има за цел да привлече внимание кон три клучни проблеми:

1. Неефикасноста на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот;

2. Недостатокот на безбедност во урбаните средини;

3. Глорификацијата на девијантното однесување.

„Алките во системот не функционираат – младите во ризик не се идентификуваат навреме, а оние кои веќе се препознаени не добиваат соодветна поддршка за да се изградат како одговорни граѓани“, предупредуваат организаторите.

Тие исто така нагласуваат дека урбаната инфраструктура не гарантира безбедност за граѓаните и дека е неопходно подигнување на јавната свест за последиците од толерирањето на неказнивоста.

„Градовите мора да обезбедат безбедни услови за живот. Клучно е јавно да се осуди величањето на девијантното однесување и да се информира јавноста за ризиците што произлегуваат од заобиколувањето на правилата“, велат од „Кој е следен?“.

 

 

Related posts

Германија: Стотици милијарди за армијата и инфраструктурата

admin

Парно ќе има – ако нема гас, топланите ќе работат на дизел

ninja

ПАЦИЕНТИТЕ И ПРАВДАТА-КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА НА ПАРТИСКИТЕ БИТКИ ВО СОБРАНИЕТО

ninja

Бројот на милионери ќе се зголеми за 85% во БРИКС

admin

Вучиќ и Пендеровски на пат кон Врање: Ќе го угостиме како што доликува

admin

ПОД ИСТРАГА ДВА МИЛИОНСКИ ТЕНДЕРИ НА „СЕРТА“ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ВЛАДИНИ ИНСТИТУЦИИ

ninja