12.8 C
Скопје
19 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Мерц и Макрон – прва средба: Што ќе носат новите германско-француските односи?

Победникот на германските избори, Фридрих Мерц, се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз на доверлив разговор во Елисејската палата, фокусирајќи се на германско-француските односи и глобалните предизвици.

Тричасовната средба се одржа три дена по изборите, а од Унијата (ЦДУ/ЦСУ) соопштија дека двете страни изразиле подготвеност да отворат ново поглавје во билатералните односи. Детали од разговорот не беа објавени, а ниту француската страна не даде коментар.

Во соопштението на Унијата се наведува дека разговорот поминал во „извонредно пријателска атмосфера“ и дека постои „голема согласност“ за заеднички иницијативи. На платформата Х, Мерц му се заблагодари на Макрон на германски и француски, истакнувајќи дека „заедно двете земји можат да постигнат големи работи за Европа“.

Приоритет: подобрување на германско-француските односи

Средбата беше организирана веднаш по изборите, што ја нагласува важноста на француско-германската соработка за новиот политички лидер во Берлин. Во предизборната кампања, Мерц ветуваше дека ќе работи на зајакнување на односите со Париз, кои беа нарушени во мандатот на канцеларот Олаф Шолц.

Лидерот на ЦДУ долго време ја критикуваше владата на Шолц за, како што велеше, „запоставување на односите со Франција“. Тензии меѓу Берлин и Париз постоеја поради несогласувања во германската владејачка коалиција, како и разликите во стилот на управување меѓу Шолц и Макрон.

По објавувањето на изборните резултати, Макрон зборуваше за „историски момент“ и нагласи дека „никогаш досега не постоеле поголеми можности за поблиска германско-француска соработка“.

Заеднички пристап кон глобалните предизвици

Мерц, кој важи за цврст поддржувач на француско-германската соработка како двигател на ЕУ, покажува подготвеност да се приближи кон ставовите на Макрон, особено во однос на европската одбрана.

Ова станува сè поактуелно поради курсот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој бара Европа да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност.

Макрон во средата ги информираше лидерите на ЕУ за неговата неодамнешна средба со Трамп во Вашингтон, на која присуствуваше и германскиот канцелар Шолц.

 

Related posts

Рација во Седларце и Боговиње, приведени странски државјанки од Албанија, Белорусија и Русија

admin

Ако сакаа функционерите уште во март можеа да си ги намалат високите плати

admin

Како економски тенкови, турските компании го гледаат Египет

admin

Ројтерс: Локалните жители стравуваат од катастрофа поради повлекувањето на Преспанското Езеро

admin

Игри со притвор: „Обвинителoт се согласи, судијата прифати“

admin

Ковачевски: Или со ЕУ, НАТО и САД, или со ЛЕВИЦА

admin