34.8 C
Скопје
13 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИКУЛТУРАНАСЛОВНАРЕПУБЛИКАСЦЕНА

“Ако утре ме нема”: Пророштвото на еден голем човек

Ноќта на 16 март 2025 година, Македонија го изгуби не само еден музичар, туку и еден голем човек. Андреја Ѓорѓиески — за сите нас познат како Андреј од DNK — влезе во огнот за да спаси животи при страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. По неколку извлечени и спасени, самиот тој на крај остана да лежи мртов во дискотеката каде беше планирано да помине најубаво со неговите обожаватели.

Години пред оваа трагедија, Андреј испеа зборови што денес звучат како пророштво.

„Ако утре ме нема…“

Кога DNK ја издаде песната никој не можеше да претпостави дека ќе стане химна на неговото сеќавање. Секоја нота, секој стих сега одекнува со ново значење — како последна порака оставена зад себе.

 

Ако утре ме нема, немој да ме жалите.

Дигни глава нагоре, испиј чаша за мене…

Викни ги другарите, стари песни свирете,

И нека свират трубите, ако утре ме нема.”

 

Ова не беше само песна. Тоа беше Андреј. Негова порака. Негова судбина.

Андреја Ѓорѓиески беше повеќе од уметник. Роден на 9 февруари 1982 година, го започна своето музичко патување во Нижото и Средното музичко училиште, а потоа и на Музичката академија во Скопје. Но, вистинската магија се случи во 2001 година, кога со Владимир Блажев — Панчо — го основаа DNK. Нивниот прв сингл „Девојка за везден“ ги постави на мапата на македонската музика.

Покрај тоа што беше гласот на една генерација, Андреја беше и музички уредник на К-15 ТВ и продуцент на емисијата „Мојата ѕвезда“, преку која многу нови таленти го најдоа својот пат.

Во 2015 година, Андреја ја запозна љубовта на својот живот, Наталија Крстевска. Нивната ќерка, Јана, беше светлината на неговиот живот. Неговите најблиски велат дека Андреј беше тивок столб на поддршка, секогаш подготвен да помогне, секогаш насмеан.

Таа добрина го однесе и онаа ноќ во огнот. Додека другите бегаа, тој трчаше назад. Еднаш, двапати… И тогаш, како во неговата песна, трубите засвиреа.

Пророштвото што стана реалност

„Ако утре ме нема, не тагувајте. Животот продолжува, славете го.“

Денес, овие стихови се потсетник дека хероите не умираат — тие живеат во спомените, во делата, во музиката.

Андреј ја пееше оваа песна сите нас. И сега, додека трубите свират за него, Македонија се поклонува пред неговата храброст, неговата музика и неговата човечност.

Нека му е вечна слава.

Related posts

Маричиќ: Манифестот за ЕУ – доказ за нашата посветеност за евроинтеграциите

admin

НИСКИТЕ КАМАТИ СЕ МИНАТО

ninja

Грција размислува за строги мерки против С Македонија

admin

ВЛЕН: Апасиев го потврди коалицискиот сојуз со ДУИ и Арсовска, на штета на жителите на Чаир и Сарај

admin

ЧЕШКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ЗА КОСОВО НЕ Е УСВОЕН

ninja

Бугарите што работат во странство испратиле 1.32 милијарди евра средства во 2024 година 

admin