12.8 C
Скопје
19 март, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

„Билкилајф“ ги прогласи најдобрите бизнис идеи за социјално претприемништво

Центарот за хербализам, туризам и одржлив развој „Билкилајф“ ги прогласи победниците на натпреварот за најдобри бизнис идеи за социјално претприемништво, одржан во рамките на проектот „Едукација за млади социјални претприемачи: Иднина на одржливиот бизнис“.

Првата награда ја освои Катерина Вишинова со проектот „Artimpact“, кој има за цел да ги поддржи младите уметници и да обезбеди пристап до уметничко образование за социјално загрозените групи. Втората награда му припадна на Валмир Имеров за „Hope Bites“, мобилна кујна што ќе нуди оброци за граѓаните во социјален ризик. Третото место го освои Игор Јосифоски со проектот „Еко пчеларска куќа“, кој комбинира пчеларство, апитерапија, органско производство, туризам и едукација со цел зајакнување на руралните заедници во Охридскиот регион.

Жирито додели и две посебни награди – на студентот по медицина Спасение Анчески за неговиот проект за поддршка на вработување на млади лица со попреченост и на Ѓоко Јузмески за неговата органска фарма, која вклучува обука на локалното население.

„Преку овој проект, младите учесници стекнаа знаења и вештини за социјално претприемништво, кои ќе им помогнат да создадат одржливи и иновативни решенија за општествените предизвици. Нивната креативност и енергија покажаа дека младите се движечка сила за позитивни промени,“ изјави Марија Георгиевска, извршна директорка на „Билкилајф“.

Настанот, кој се одржа во просториите на БАС – Бизнис Академија Смилевски, собра претставници од бизнис секторот, граѓански организации и образовни институции, кои ја изразија својата поддршка за младите претприемачи. Присутните имаа можност да се запознаат и со успешни македонски социјални бизниси, како „О-круг“ и „Мамаоргана“.

Проектот „Едукација за млади социјални претприемачи: Иднина на одржливиот бизнис“ беше спроведен од „Билкилајф“, со ко-финансирање од Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија.

 

 

Related posts

Косово: Производите од Северна Македонија ги заменуваат српските

admin

ГРЦИЈА ГО РЕГИСТРИРАШЕ ЦЕНТАРОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

ninja

Македонскиот научник Васко Саздовски е меѓу загинатите во Нови Сад

admin

Се „гуши“ ли Скопје од трговски центри среде беспарица и бетон

admin

Додик осуден на една година затвор и шестгодишна политичка забрана

admin

ДЕМНЕЊЕ СТАНА КРИВИЧНО ДЕЛО, ЗАТВОР ЗА НАПАЃАЧИ НА НОВИНАРИ, ЛЕКАРИ И АДВОКАТИ

ninja