33.8 C
Скопје
16 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ДУИ со реакција за апсењето на Бектеши: Правда за сите, без политички влијанија

Демократската унија за интеграција (ДУИ) го реафирмира својот принципиелен став за целосна, независна и непристрасна правда, ослободена од какви било политички влијанија, се наведува во соопштението на партијата.

„Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, без манипулации за политичка корист. За жал, сведоци сме на обиди на власта со сите средства да ги заштити своите и да ја одвлече јавноста со барање виновници на друго место“, стои во соопштението.

ДУИ оценува дека ваквиот селективен и неправеден пристап не само што го поткопува довербата на граѓаните во институциите, туку го загрозува и самиот процес на правда.

„Нема да паднеме во стапицата на политиката на обвинувања и поделби. За нас, правдата не може да се дели на ‘наши’ и ‘нивни’ — таа мора да биде еднаква за сите“, истакнува партијата.

ДУИ повикува институциите да останат надвор од секое влијание и да обезбедат транспарентен, непристрасен и праведен процес.

„Само вистината и целосната одговорност можат да ја вратат довербата на граѓаните. Секој обид за отстапување од овој процес не е во служба на правдата, туку во служба на оние што сакаат да ја сокријат вистината“, се вели во соопштението на ДУИ.

 

 

Related posts

Дали Петровска има амбиции за лидер на СДСМ?

admin

Мандатот на Ковачевски – економски пожари, закочена евро-интеграција и зголемена корупција

admin

Лидерите на ВЛЕН на ифтар кај Курти, Таравари открива детали

admin

Расте притисокот на САД кон Курти, Ховениер: Нашите барања се легитимни

admin

Европскиот парламент ќе расправа за „современ“ македонски јазик и идентитет

admin

Скандалозен прекин на емисијата “Само вистина”, Мирчевски го избрка Рамадани од студиото

admin