12.8 C
Скопје
22 април, 2025
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Клучот на Собранието

Пишува: Џелал Незири

Во случаи на национални трагедии, Собранието е местото каде што се разгледуваат, се анализираат и се даваат одговори на сите прашања и дилеми на граѓаните. Но, во Северна Македонија се случува спротивното.

Нашето Собрание ги затвори вратите и замина на одмор. Не беше формирана ниту една анкетна комисија што ќе го истражи сето она што се случи во Кочани. Гласот на граѓаните беше замолчен од нивните избраници. Затоа денес, граѓаните на симболичен начин основаа ново Собрание во близина на нејзината зграда.

Ако на ова се додаде и обидот за контрола на медиумите – кога и како ќе известуваат од погребната церемонија на 59-те невини жртви од Кочани, тогаш доаѓаме до еден друг заклучок: оваа власт не сака да ја открие вистината за трагедијата, туку сака да се спаси самата себеси. Не сака да ги открие и да ги повика на одговорност главните виновници, туку измислува стратегии за управување со комуникации во време на кризи.

А таа стратегија е: одржувај ја дебатата што е можно подолу на јавната агенда, додека не се заборави. Ова воопшто не е нова стратегија, туку е извадена од мувлосаните архиви на претходните владини гарнитури. И во трагедиите во тетовската болница, Ласкарци, Бугарија, поплавите во Тетово… беше употребена истата формула „и најголемото чудо трае три дена“.

Движењето „Кој е следен?“ денес одржа протест со симболика на основање функционален Парламент пред зградата на нефункционалниот. Со тоа го најдоа и клучот за повторно градење на системот, бидејќи секоја институција произлегува од Парламентот. А секој Парламент произлегува од нашиот глас.

 

 

Related posts

Не се доволни само стратегии, потребна е политичка волја и силни реформирачки лидери

admin

Европа, НАТО и Америка се во процес на распаѓање

admin

Трамповиот план за Газа не е направен за да успее, но тоа е и поентата

admin

Чуварите на идентитетот

admin

Решавање на Балканскиот јазол во 2024 година

admin

ЗОШТО НЕ СЕ НАЦИОНАЛИЗИРА ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР?

admin