27.8 C
Скопје
21 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Лидерите на ВЛЕН на ифтар кај Курти, Таравари открива детали

Лидерите на коалицијата ВЛЕН вечерва ќе присуствуваат на ифтарска вечера организирана од премиерот на Косово, Албин Курти, потврди Арбен Таравари, пренесува ТВ21.

Таравари изјави дека на средбата ќе се разговара и за политички теми, но негираше дека ќе се дискутира за тоа кој ќе биде лидер на ВЛЕН.

„Вечерва сите сме поканети од господинот Албин Курти, премиерот на Косово, на ифтар. Верувам дека ќе дискутираме и за политички теми, но воопшто не сме разговарале за тоа кој е лидер на ВЛЕН. Доколку ми се понуди таква можност, дали би ја прифатил? Воопшто не сум размислувал за тоа, ниту ме интересира“, изјави Таравари.

Иако лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, вчера изјави дека не е можно на локалните избори да има посебни кандидати и одвоени листи за советници, Таравари нагласи дека разговорите за изборната стратегија во рамките на коалицијата продолжуваат.

„Во тек се преговори. Атмосферата во коалицијата е релаксирана, верувам дека ќе најдеме заеднички јазик и ќе ги решиме сите недоразбирања“, додаде Таравари.

Според извори на ТВ21, на вечерата кај Курти, покрај Таравари, ќе присуствуваат и Изет Меџити, Билал Касами, Зеќирија Ибраими, Беким Ќоку и Фатмир Лимани. Сѐ уште не е потврдено дали ќе присуствува и претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Изворите сугерираат дека на средбата е можно да се разговара за зајакнување на соработката меѓу лидерите на ВЛЕН, односно за создавање на „ВЛЕН 2.0“, пообединета структура, со Таравари како потенцијален претседател.

Related posts

Кина бара засилени трговски врски со Виетнам додека САД воведуваат нови царини

admin

Нови задоцнувања во изградбата на автопатот Скопје-Блаце

ninja

По 30 години, обновен директниот лет Скопје – Сараево

admin

ЕУ се подготвува за војна – и овој француски брод е врвот на копјето

admin

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

admin

КОВАЧЕВСКИ ВЕТИ НОВА ЕНЕРГИЈА ПО РЕКОНСТРУКЦИЈАТА

ninja