12.8 C
Скопје
22 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Огромен безбедносен пропуст: Новинар случајно доби тајни детали за нападите врз Хутите

Високи претставници на администрацијата на Трамп по грешка го вклучиле новинарот на The Hill, Џефри Голдберг, во групен разговор на Signal, каде што дискутирале и планирале напади против Хутите во Јемен, пренесува Инбокс7.

Пораките откриваат разговори на високо ниво за операцијата на 15 март, два часа пред почетокот на нападите, вклучувајќи оперативни детали, оружје и временски рамки. Во групата биле вклучени секретарот за одбрана Пит Хегсет, советникот за национална безбедност Мајкл Волц, потпретседателот Џеј Ди Ванс и други високи претставници за национална безбедност.

Новинарот добил детален „тимски брифинг“ во 11:44 претпладне (ET) на 15 март, во кој бил опишан планот за нападите што требало да започнат во 13:45 – информација што подоцна била потврдена кога експлозии ја потресоа јеменската престолнина Сана во предвиденото време.

Во внатрешната дебата, официјалните лица изразиле загриженост за можното зголемување на цените на нафтата, потенцијалните економски придобивки за европските сојузници (40% од трговијата на ЕУ, наспроти 3% од американската, поминува низ Суецкиот канал) и за предизвиците во комуникацијата со јавноста за нападите врз Хутите, кои се релативно непознати за пошироката публика.

Претставникот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Брајан Хјуз, ја потврди автентичноста на групата, но изјави: „Ги разгледуваме околностите под кои непознат број бил случајно вклучен во разговорот. Континуираниот успех на операцијата против Хутите покажува дека не постоеше закана за војниците или националната безбедност.“

Експертите за национална безбедност изразија загриженост за пропустот. „Ова изгледа како сериозно прекршување на протоколите за ракување со чувствителни оперативни информации,“ изјави поранешната функционерка на Пентагон, Мишел Флорној. „Владините безбедни комуникациски системи постојат токму за оваа цел.“

Што пишува Џефри Голдберг за инцидентот:

Приказната технички започнува веднаш по инвазијата на Хамас врз јужен Израел во октомври 2023 година. Хутите—терористичка организација поддржана од Иран, со мотото „Алах е голем, смрт за Америка, смрт за Израел, проклетство за Евреите, победа за исламот“—почнаа напади врз Израел и меѓународниот поморски транспорт, создавајќи турбуленции во глобалната трговија. Во текот на 2024 година, администрацијата на Бајден беше неефикасна во одговорот на овие напади; додека идната администрација на Трамп вети поостра реакција.

На 11 март, во вторник, добив барање за поврзување на Signal од корисник идентификуван како Мајкл Волц. Signal е енкриптиран сервис за пораки, широко користен од новинари и луѓе што бараат приватност. Претпоставив дека лицето кое ме контактира е советникот за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп. Сепак, не верував дека барањето навистина доаѓа од Волц. Го имав запознаено претходно и, иако не би било невообичаено тој да ме контактира, ми изгледаше чудно, со оглед на напнатите односи на администрацијата на Трамп со новинарите – и на периодичната опсесија на Трамп со мене лично.

Два дена подоцна—во четврток—во 16:28 добив известување дека ќе бидам вклучен во групен разговор на Signal. Групата се викаше „Houthi PC small group“ („Мала група на главниот комитет за Хутите“).

Една минута подоцна, корисник со име „MAR“—секретарот за надворешни работи Марко Антонио Рубио—напиша: „Мајк Нидхам за Стејт департментот“, означувајќи го актуелниот советник во Стејт департментот како негов претставник.

Во 16:53, корисник наречен „Пит Хегсет“ напиша: „Ден Колдвел за Министерството за одбрана“.

Во 18:34, „Брајан“ напиша: „Брајан Мекормак за Советот за национална безбедност“.

Друг корисник одговори: „Џон Ретклиф“, наведувајќи име на официјален претставник на ЦИА.

Разговорите во групата стануваат сериозни.

Во петок, 14 март, во 08:05, „Мајкл Волц“ испрати порака:

„Треба да имате завршна изјава со задачи според насоките на Претседателот во вашите безбедни инбокси.“

Во 08:16, „Џеј Ди Ванс“ одговори:

„Јас сум надвор денес за економски настан во Мичиген. Но, мислам дека правиме грешка.“

(Ванс навистина бил во Мичиген тој ден.)

„Само 3% од американската трговија минува низ Суец, додека 40% од европската. Постојан е ризикот јавноста да не разбере зошто го правиме ова. Силен аргумент е да го одложиме ова за еден месец, за да се подобри комуникацијата и економијата.“

Во 08:22, „Џо Кент“ (номиниран од Трамп за директор на Националниот центар за борба против тероризмот) напиша:

„Нема ништо итно што го одредува овој рок. Истите опции ќе ги имаме и по еден месец.“

Во 08:26, добив приватна порака на Signal од „Џон Ретклиф“, која содржеше информации што можеа да бидат поврзани со тековни разузнавачки операции.

Во 08:45, „Џеј Ди Ванс“ напиша до Хегсет:

„Ако мислиш дека треба да дејствуваме, тогаш да одиме. Само што мразам повторно да ја спасувам Европа.“

Хегсет одговори три минути подоцна:

„Ја споделувам твојата омраза кон Европејците што не плаќаат. ПАТЕТИЧНО Е. Но, ние сме единствените што можеме да го направиме ова. Времето е критично.“

Конечно, „С М“ (веројатно Стивен Милер) напиша:

„Ако САД ја врати слободата на пловидба со висока цена, треба да има економска корист за нас.“

Оваа порака ефективно ја затвори дискусијата. Последната порака дојде од „Пит Хегсет“ во 09:46:

„Се согласувам.“

 

 

Related posts

Тензиите во Косово – постои ли ризик за нова војна на Балканот?

admin

Претседателски кандидати – кој колку троши на социјалните мрежи?

admin

Италија потпиша договор за испраќање мигранти во Албанија

admin

Груби – Гарсија: Шпанија го поддржува европскиот пат на Северна Македонија

ninja

Новата развојна банка БРИКС го овласти Алжир да се приклучи

admin

Петровска: Голем дел од буџетот на македонската одбрана е дониран на Украина

admin