12.8 C
Скопје
22 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Притвор од 48 часа за Бектеши и уште 13 осомничени

Мерката краткотраен притвор може да се определи најмногу двапати по 48 часа, без да биде донесена формална наредба за спроведување истражна постапка.

 

Судот во Кочани го прифатил барањето на Oбвинителството за определување мерка краткотраен притвор за 14 осомничени лица во траење од 48 часа, информирале утрово за МИА од Основниот суд Кочани. Дел од нив се се сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик, а се испитуваат и дејствија на примање и давање поткуп, како и за незаконска набавка на пиротехнички средства. Меѓу осомничените се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште 12 лица, кои претходно беа задржани на распит за околностите во кои се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Како што претходно објаснија од Обвинителството, мерката краткотраен притвор e процесен институт за обезбедување присуство на лицата за кои постои основано сомнение дека извршиле кривично дело. Истото се предлага во особено сложени предмети, кога е потребно да се прибере поголем обем на докази за проверка на сите околности и евентуално формално поведување истрага. Оваа мерка, предвидена согласно со член 170 од Законот за кривичната постапка, може да се определи најмногу двапати по 48 часа, без да биде донесена формална наредба за спроведување истражна постапка.

Тоа му овозможува на јавниот обвинител да го задржи лицето за кое постои сомнение подолго од основните 24-часа полициско задржување. Смислата на оваа законска одредба е да му овозможи на јавниот обвинител да има доволно време, особено во тешки и сложени предмети, да ги преземе сите активности и да ги утврди фактите и околностите, како и конкретните својства и дејствија на лицето кои ќе ги испитува понатаму во истражната постапка. По формалното отворање на истрагата, јавниот обвинител предлага нови мерки за обезбедување на осомничениот, односно краткотрајниот притвор се укинува и најчесто се определува редовен притвор.

Вештачење на потписи

Во моментов се уврдуваат факти кои се директно поврзани со кривично-правниот настан, од аспект на дејства кои биле преземени или не биле преземени за издавање на конкретните лиценци, за дозволи, за мислења и за легализации.

„Ќе ѝ се згрози на македонската јавност кога овој предмет во детали ќе биде расветлен од аспект на сите оние дејства коишто сме ги презеле досега, ќе ѝ се згрози кога ќе види повторно, по не знам кој пат, последица на овие незаконитости е мито и корупција”, рече синоќа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Многу добро знам што зборувам, а внимавам како ги изнесувам информациите во јавноста, да не загрозам дел од истрагата. Кога јавноста ќе види за кои суми биле издавани одредени документи и било ставано нешто незаконито, спротивно на сите правила, спротивно на сите регулативи, спротивно на сѐ она што би требало да е нормалност во рамки на функционирање на еден кабаре клуб, диско клуб – ќе ѝ се згрози. Зборуваме за мито и коруција”, рече Тошковски на ТВ Сител.

Во однос на тоа, освен лица во Министерството за економија, предистражни активности се водат и за лица во Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Дирекцијата за заштита и спасување, како и за правни лица кои имале овластување да потпишат одредени документи, а притоа, како што рече министерот, незаконски ги изработиле тие документи.

„Еве, ќе кажам дека во еден од тие документи коишто биле потпишани – оној којшто го потпишал – тврдел дека објектот ги исполнувал сите потребни услови согласно со закон, коишто предвидуваат одреден број влезови, излези, градежна конструкција и така натаму, а сите видовме дека не е така. Повторно се враќаме на непрофесионално неморално, нечесно, коруптивно поведение коешто е вмрежано како во државните, така и во приватните институции. И на крајот еве на кое дреџе нѐ донесе“, рече министерот.

За тоа дека се чешлаат голем број документи, сведочи и фактот дека Обвинителството издаде наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, како и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација.

Денеска започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови, по што властите ќе излезат со детални информации.

Молитва за загинатите

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, вчера поднесе оставка на функцијата, но гневот на сограѓаните беше искажан и пред општинската зграда, а кулминираше со демолирање на кафуле, исто така сопственост на сопственикот на дискотеката „Пулс“. Свештеник вчера ги смируваше граѓаните.

„Ве молам во има на Бога, и владиката замолува од негово име, ве молам смирете се“, повикуваше свештеникот и ги повика да одат во црква и да се помолат за душите на починатите.

На колегиумот што вчераутро се одржал во Општина Кочани, пред градоначалникот да поднесе оставка, тој дал неколку препораки, меѓу кои препорака до Управниот одбор на КЈП „Водовод“ да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и определување посебно место за починатите во пожарот, како и одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на тоа претпријатие.

Градоначалникот иницирал отворање донаторска сметка во соработка со ОО на Црвен крст Кочани, на која може да се примаат донации за повредените и настраданите, а на која Општина Кочани ќе донира 3 милиони денари од сопствениот буџет. Во соработка со Брегалничката епархија и Црковниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ црковните обреди за покој на починатите нема да се наплаќаат.

Тажна снимка објави новинска агенција Ројтерс, на која се гледа како булдожери и работници веќе копаат десетици гробни места на посебна парцела, каде што ќе бидат погребани жртвите од пожарот.

Во Србија, Бугарија, БиХ, денеска е ден на жалост, а бугарскиот патријарх Данил синоќа отслужил заупокојна молитва за загинатите во пожарот во храмот „Св. Недела”.

Хрватски медиуми јавија дека рано утрово околу 4 часот две повредени лица стигнале на лекување во Хрватска и ќе бидат хоспитализирани на Клиниката за трауматологија. /DW

Related posts

Силен земјотрес во Мароко: повеќе од 600 луѓе загинаа, оштетени историски згради во Маракеш

admin

Што се случува со оние на црната американска листа?

admin

Година на опасно живеење

admin

Почна судењето за Мерко за поставената спомен-плоча, тој се изјасни за невин

admin

Груби: Овој состав на Антикорупциска е неспособен, се надевам следниот ќе биде посериозен

admin

КОНФЛИКТОТ ВО ДУИ КУЛМИНИРА ВО ЧАИР

ninja