13.8 C
Скопје
12 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Реакција: Корупцијата убива – трагичниот настан во Кочани е аларм

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата повика на итни институционални реформи и одговорност за системските слабости, поради кои, како што тврдат, корупцијата станала директна закана за безбедноста на граѓаните во Северна Македонија.

Во заедничко соопштение, платформата изнесе 11 конкретни барања, меѓу кои се темелна и транспарентна истрага за пожарот во Кочани, за кој официјалните податоци велат дека однел 59 животи. Тие бараат и реформи во казнената политика, засилени инспекциски контроли и одговорност за институциите што пропуштиле да ги спроведат законските прописи.

„Корупцијата не е само економски проблем, туку директно го загрозува животот на граѓаните. Трагедиите како пожарот во Кочани, автобуската несреќа кај Ласкарци и запалувањето на модуларната болница во Тетово ја покажуваат длабоката поврзаност меѓу институционалните пропусти и загубата на човечки животи“, се наведува во соопштението.

Платформата изрази сомнеж во темелноста на неодамнешните контроли во угостителскиот и транспортниот сектор, како и во градинките и училиштата, повикувајќи на независна ревизија на овие проверки.

Градоначалникот на Кочани, локални активисти и пратеници од опозицијата го поддржаа повикот за засилена истрага и одговорност на сите инволвирани во процесот на издавање лиценци и регулаторен надзор. Владата сè уште нема официјален став по барањата на платформата.

 

Related posts

Руската економија нанесе удар од Кина

admin

Ахмети за првпат јавно се обраќа на македонски

admin

Таравари: Нe повеќе од 6 месеци за уставните измени

admin

Ковачки: Ахмети се крие зад партиски симболи, правдата не смее да се уценува со протести

admin

Спасовски: Очекувам ДУИ да стане дел од Владата

admin

Ужасен топлотен период во Аризона, 55 дена температурите не се спуштија под 45 степени целзиусови

admin