21.8 C
Скопје
29 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Рокас: Македонија доцни со реформите во правосудството, ЕУ внимателно го следи процесот

Северна Македонија бележи значително доцнење во спроведувањето на реформите во правосудството и јавната администрација, изјави во четвртокот амбасадорот на Европската унија во земјата, Михалис Рокас.

„Очекуваме брзи и темелни реформи што ќе гарантираат силно и независно судство, клучно за борбата против корупцијата и напредокот кон ЕУ“, рече Рокас на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

ЕУ ги следи случувањата во правосудниот сектор, вклучувајќи ги неодамнешните разрешувања во Судскиот совет, додаде Рокас, нагласувајќи дека секој обид за мешање во независноста на судството ќе биде причина за загриженост во Брисел.

Паралелно, министерот Муртезани изјави дека реформите се спроведуваат со „добра, но недоволна“ динамика. Тој посочи дека Европската реформска агенда, дел од Планот за раст на ЕУ, не е замена за полноправно членство, туку инструмент што треба да ја подготви земјата за интеграција во Унијата.

Рокас ја повтори поддршката на ЕУ за реформските процеси, нагласувајќи дека очекува конкретни резултати во владеењето на правото, борбата против корупцијата и административната транспарентност.

 

Related posts

РУСИЈА ОТВОРИ КРИВИЧНА ПОСТАПКА ПРОТИВ СУДОТ ВО ХАГ

ninja

Политичко или егзистенцијално барање – Владата и Синдикатот на различни страни околу 450 евра минимална плата

admin

Украина и САД презедоа чекори кон мир на разговорите во Џеда

admin

Станува ли меѓуградскиот превоз луксуз за младите?

admin

Џелал Незири за ЦИВИЛ: Цивил се појави како искра надеж дека работите ќе се сменат кон подобро и стана оаза на слободата

admin

Путин: Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели

admin