Средбата на лидерите на ВЛЕН, оддржана во понеделникот навечер во Скопје, завршила без конечен исход. Партиски извори брифираат дека иднината средба е закажана за во 6 април, кога може да биде појасна иднината на коалицијата, пренесува Инбокс7.
По овој датум ќе се знае и политичката иднина на Министерот за здравство, Арбен Таравари, кој неодамна негираше каква било можност за оставка.
Според неофицијални информации на телевизија Алсат-М, Таравари побарал разбирање од своите коалициски партнери до одржувањето на партискиот конгрес, каде што ќе одлучи за неговите следни чекори. Се шпекулира дека тој бара најмалку 40 отсто од кандидатите за локалните избори да бидат од неговата партија.
Таравари синоќа на социјалните мрежи порача дека е потребно единство за доброто на народот. „Фокусот повеќе не треба да биде ‘дали ќе победи мојата или твојата партија’, туку ‘дали победува нашиот народ!’“, напиша Таравари.
Во меѓувреме, политичките шпекулации не стивнуваат. Според иизвори на телевизијата блиски до Таравари, неговото дистанцирање од ВВЛЕН е наводно е поттикнато од Тирана, додека повиците за единство доаѓаат од Приштина.