Генералниот секретар на Движењето БЕСА и пратеник од коалицијата ВЛЕН, Аднан Азизи, изјави дека официјално започнал процесот за трансформација на коалицијата во единствен политички субјект, со цел да се стави крај на, како што рече, „дваесетгодишното владеење на ДУИ“.
Во интервју за телевизијата Алсат, Азизи истакна дека коалицијата се наоѓа во фаза на внатрешна консолидација. „Градиме единствена политичка структура со јасна цел – да го прекинеме владеењето на ДУИ кое трае повеќе од две децении. Граѓаните се уморни од политички пазарења и експерименти што му служеа само на еден тесен круг луѓе, понижувајќи го трудот и потта на Албанците“, рече Азизи.
Тој нагласи дека коалицијата ВЛЕН е „повеќе обединета од кога било“. „Ќе имаме заеднички централен штаб, заеднички штабови низ општините, како и заедничко раководство“, изјави Азизи, додавајќи дека коалицијата е единствена во целите и насоката по која се движи.