12.8 C
Скопје
22 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Аналитичари со поделени ставови по средбата Мицкоски – Филипче

Политичките аналитичари во Северна Македонија, во изјави за телевизија Сител, имаат поделени мислења за средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Додека едни ја гледаат како ново групирање во македонскиот политички блок, други ја толкуваат како соработка за спроведување на неопходните реформи.

Аналитичарот Благојче Атанасовски оценува дека опозициската СДСМ постепено го губи статусот на водечка опозициска партија и се доближува до власта.

„Овие две партии речиси наизменично владееја во изминатите 34 години на повеќепартиска демократија во Македонија и се дел од т.н. системски партии. По трагичните настани во Кочани, сите бараат промена на системот, но сметам дека оние што го создадоа системот се дел од проблемот, а не од решението“, изјави Атанасовски.

Тој додава дека со тет-а-тет средбата, македонските лидери индиректно ги дефакторизираат албанските политички партии, наметнувајќи впечаток на етничка координација во донесувањето одлуки.

Од друга страна, аналитичарот Џелал Незири ја гледа лидерската средба како можност за унапредување на реформската агенда, но предупредува на ризикот од создавање наратив кој би можел да поттикне етнички поделби.

„Важно е да не се испраќа погрешна порака до јавноста дека станува збор за договор во рамките на одреден етнички кампус, конкретно македонскиот, што може да предизвика страв, недоверба и дезинформации кај етничките Албанци“, вели Незири.

Тој нагласува дека е неопходна поширока лидерска средба со вклученост на сите политички актери, за да се обезбеди транспарентност и инклузивност во носењето на реформските закони.

Related posts

Украина, Косово, Русија…што се очекува од НАТО самитот во Вилнус?

admin

Огнените од ДУИ против една изборна единица

admin

Кој стои зад сценаријата за дестабилизација?

admin

Пораки од Берлин: Западен Балкан не смее да биде сива зона

admin

Минхенската безбедносна конференција во сенка на Трамп

admin

ВИДЕО ВО ЖИВО Мир и демократија наспроти војна и автократија

admin