20.9 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Антикорупциската комисија под удар: Се бара итна оставка на Димитровска

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска мора итно да поднесе оставка, изјави поранешната претседателка на Комисијата Билјана Ивановска во понеделникот, предупредувајќи дека нејзиното останување ја поткопува институционалната доверба.

„Треба да се тргне за институцијата да може слободно да се чисти. Со ова се нанесува тежок удар на Комисијата и на целото општество“, рече Ивановска пред почетокот на сесијата на Националната конвенција за ЕУ во Северна Македонија, посветена на борбата против корупцијата.

Ивановска реагираше на прашање за улогата на Димитровска во случајот „Адитив“, во кој таа е осомничена за оддавање службени тајни на друг обвинет. Обвинителството минатата недела ја стави Димитровска на листата на осомничени во случајот што ги потресе антикорупциските напори во земјата.

„Ова не е момент да се седи со скрстени раце. На потег е Собранието – и од аспект на контрола, и од аспект на поддршка на институционалниот интегритет“, рече Ивановска, повикувајќи на преиспитување на ризиците и воспоставување механизми за надзор.

Таа потсети дека во минатото бил воспоставен регистар на ризици од корупција во Комисијата, со мерки за нивно надминување, и побара тие повторно да се активираат и применат.

Поранешниот член на ДКСК Владимир Георгиев оцени дека случајот сериозно го нарушува угледот на институцијата и нејзината кредибилност кај јавноста.

„Иако одговорноста е индивидуална, последиците се институционални. ДКСК веќе е на граница на својата доверба кај јавноста и ќе биде потребен дополнителен напор за истата да се врати“, рече Георгиев.

Тој додаде дека довербата се гради тешко, преку непристрасност и доследна работа, но може лесно да се изгуби.

„Она што произлезе од Обвинителството влијае не само врз имиџот на претседателката, туку и врз перцепцијата за независноста на самата Комисија“, нагласи Георгиев.

 

 

 

 

 

 

 

 

Related posts

Извештај: Измените на Кривичниот законик – услуга за корумпираните политичари

admin

Таравари: Два сценарија за локалните избори – заедно со ВЛЕН или самостојно

admin

Приштински Коха: Бившите припадници на ОВК не се безбедни во Северна Македонија

admin

Уставни измени: Кој и кога ќе ја сврти „плочата“?

admin

НЕИЗВЕСНОСТ И МНОГУ НЕРВОЗИ ПО САЈБЕР НАПАДОТ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

ninja

НАМЕСТО ЗАБРАНА, НОВИ БАРАЊА ЗА ХИДРОЦЕНТРАЛИ НА ШАР ПЛАНИНА

ninja