12.8 C
Скопје
22 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Владата отворена за договор меѓу синдикатите и работодавачите за минималната плата, но без субвенции

Прашањето за зголемување на минималната плата повторно се најде во фокусот, откако синдикалните претставници беа повикани на состанок со премиерот Христијан Мицкоски.

Владата соопшти дека ќе го прифати секој договор што ќе биде постигнат меѓу синдикатите и работодавачите во рамки на економско-социјалниот дијалог. Меѓутоа, спротивставените позиции на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) остануваат.

ССМ бара минималната плата да изнесува 30.000 денари, додека КСС смета дека тоа барање е нереално и ќе опфати мал дел од работниците. Владата повтори дека нема финансиски капацитет за субвенционирање на платите.

Најавено е дека во рок од една недела ќе се утврди репрезентативноста на синдикатите, по што ќе започне со работа Економско-социјалниот совет. Дополнително, ќе се разгледа можноста за ревидирање на одредени членови во Општиот колективен договор за јавниот сектор.

По последното законско усогласување на минималната плата со зголемување од 1.800 денари, кое стапи во сила на почетокот на април, ССМ реагираше дека одлуката е донесена еднострано од Владата, без консултација со синдикатите.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, по средбата изјави дека постои политичка волја за изнаоѓање решение во интерес на стандардот на работниците. Неговиот колега од КСС, Благоја Ралповски, пак, го нарече барањето за 30.000 денари популистичко, бидејќи, според него, тоа би опфатило само ограничен број вработени.

 

 

Related posts

КОВАЧЕВСКИ: ДИЈАЛОГОТ ЗНАЧИ И ОТСТАПКИ

ninja

Дополнителни приходи во 2025: пет идеи како до повеќе добивка

admin

ЕУ и префрли на Украина 1,5 милијарди евра од замрзнатите руски средства

admin

Огромен безбедносен пропуст: Новинар случајно доби тајни детали за нападите врз Хутите

admin

Мицкоски: Почитување на правата на Македонците во Бугарија — тест за европските вредности

admin

Ресенските јаболки најздрави во супермаркетите

admin