8.5 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТСЦЕНА

Зошто првата сопруга на Илон Маск не е ниту блиску до статус на милијардерка

Џастин Маск, првата сопруга на милијардерот Илон Маск и мајка на шест од неговите деца, побарала удели во компаниите Tesla и SpaceX при нивниот развод во 2008 година, но, според Forbes, не добила ништо од тоа што го побарала.

Бракот меѓу канадската писателка Џастин Вилсон и Илон Маск траеше осум години, од 2000 до 2008. Во тој период, парот изгубил едно дете, а потоа добиле близнаци и тројки. И покрај тоа што денес Илон Маск е најбогатиот човек на светот со проценета вредност од 364 милијарди долари, богатството на Џастин изнесува околу 15 милиони долари – или приближно 1/24.000 од неговото.

Според Forbes, Маск наводно ѝ понудил спогодба вредна 80 милиони долари пред оданочување, но таа ја одбила, надевајќи се на долгорочна корист преку акции во Tesla и SpaceX – што никогаш не ги добила. Причина за тоа е договорот кој го потпишала во март 2000 година, со кој, како што подоцна напишала, ги откажала сите брачни права, освен за семејната куќа.

Во тужба поднесена во 2008 година, Џастин се обидела да го оспори овој договор, тврдејќи дека Илон не ѝ открил за спојувањето на неговата компанија X.com со Confinity – трансакција што резултирала со создавање на PayPal. Но судот во 2010 година пресудил во корист на Маск.

Forbes наведува дека по разводот, Џастин добила 20 милиони долари – половина од продажбата на куќата во Бел Ер, а другата половина преку месечни исплати и покривање на трошоци за неа и децата. Имотот го продала за 6,5 милиони долари во 2011 година, а нова куќа купила за 4,3 милиони.

Иако Маск повторно се ожени со британската актерка Талула Рајли, тој се разведе од неа двапати, без деца од бракот. Подоцна беше во врска со пејачката Grimes и извршната директорка на Neuralink, Шивон Зилис – со кои има вкупно седум деца.

Џастин Маск во последниве години води повлечен живот, ретко објавува на социјалните мрежи, но во 2024 година изрази незадоволство од политиките на Доналд Трамп. Таа е отворена поддржувачка на својата трансродова ќерка Вивијан Џена Вилсон, која во интервју за Teen Vogue во март изјави дека од 2020 година е финансиски независна од својот татко.

„Мајка ми ме поддржа веднаш. Татко ми не беше толку прифатлив“, изјави Вивијан.

 

 

 

 

Related posts

Кина бара засилени трговски врски со Виетнам додека САД воведуваат нови царини

admin

Бајден ќе стави вето на пакетот помош за Израел во Претставничкиот дом, вели Белата куќа

admin

Ковачевски кажува како ќе стигне до двотретинско мнозинство, со или без ВМРО-ДПМНЕ

admin

Во Куманово ќе се потврдува поддршката за Таравари

admin

Здравствената мафија под удар, над 50 осомничени

admin

Белгија: Изборната кампања ќе го скрати претседавањето со ЕУ

admin