12.8 C
Скопје
22 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Тензии во ВЛЕН: Дали коалицијата е пред распад?

Во албанскиот блок на власта се заоструваат тензиите меѓу коалициските партнери, што може да доведе до сериозни политички последици. Веќе е јасно дека ВЛЕН е поделен на два табора – од една страна се Изет Меџити, Африм Гаши и Биљал Касами, а од друга Арбен Таравари, чија дистанца од сојузниците станува сè поочигледна.

„Оваа внатрешна поделеност сега излегува на површина. Доколку Таравари ја напушти коалицијата, тоа ќе го доведе во прашање легитимитетот на Владата во однос на албанските политички партии“, вели политичкиот аналитичар Сефер Селими за „Локално“.

Според него, кризата во ВЛЕН може да иницира пошироки политички турбуленции, вклучително и во односите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова може да биде почеток на пошироки политички превирања, не само во рамките на ВЛЕН“, оценува Селими.

Тој смета дека уставните измени може да се искористат како причина за актуелните тензии, но не се главниот фактор за кризата.

„До неодамна, одржување на заеднички локални и парламентарни избори во октомври изгледаше невозможно. Но, по трагедијата во Кочани и начинот на кој Владата реагираше, на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да им биде потребно ново барање на легитимитет од граѓаните“, додава аналитичарот.

Во однос на СДСМ, Селими смета дека партијата е во „шок состојба“ и не ја искористува шансата за сопствена консолидација.

„СДСМ само реагира наместо да преземе конкретни чекори. Левица во моментов најмногу профитира, а ако СДСМ продолжи во оваа насока, ќе ја изгуби поддршката уште повеќе“, заклучува тој.

Дополнителна тензичност во владејачкиот блок внесе и вербалниот судир меѓу пратеникот Антонио Милошоски и министерот за правда Игор Филков. Милошоски го обвини Филков за „слаби перформанси“ во спроведувањето на реформите, а министерот возврати со остра изјава.

„Кусурот на Груевски, познат како „Џуџето од Небрегово“, изгледа сè уште нема навика да одговара пред граѓаните“, напиша Филков, алудирајќи на афери од минатото.

Премиерот Мицкоски се обиде да ја смири ситуацијата, нарекувајќи го судирот „лош ден“ за двајцата.

„Се координираме секојдневно за реформите. Се надевам дека ова останува само на ниво на лични ставови“, изјави Мицкоски, отфрлајќи било какви проблеми во коалицијата.

Неофицијално, тој тврди дека владејачката структура има стабилно двотретинско мнозинство во Собранието.

Во меѓувреме, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, прифати тет-а-тет средба со Мицкоски за да го презентира својот план за реформа на системот. Премиерот изрази подготвеност за состанок, но само „ако навистина има конкретен план и желба да помогне“.

Related posts

Стоилковиќ проговори за криминал, ДУИ за Метохија

admin

Тубуленции во Судскиот совет: Дамева поднесе оставка

admin

ОН: КЛУЧНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ДЕНЕС СЕ ПОТЦЕНЕТИ, НЕДОВОЛНО ПЛАТЕНИ И ЗЛОУПОТРЕБЕНИ

ninja

Дали е при крај војната во Украина? Ердоган со стратешки пристап

admin

Харадинај: Курти уште денеска да поднесе оставка, премал е да ја смени ориентацијата на Косово

admin

Ковачевски ја депонираше оставката во Собранието

admin