29.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Ако Венко Филипче има златна виза од друга држава, како може да тврди дека иднината му е тука?“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини во саботата дека Венко Филипче, поранешен министер за здравство и актуелен пратеник од СДСМ, поседува т.н. „златна виза“ за Обединетите Арапски Емирати, што според него отвора сомнежи за потенцијални деловни интереси во странство.

Филипче неодамна призна дека ја користел оваа виза за потреби поврзани со, како што рече, „преговори со болница“, но не даде детали за природата на разговорите, ниту за институцијата со која биле водени.

„Ако Венко Филипче има златна виза од друга држава, како може да тврди дека иднината му е тука?“, изјави Манасиевски на прес-конференција, додавајќи дека јавноста заслужува одговори на неколку прашања: како и кога е добиена визата, во кое својство биле водени преговорите – како министер, пратеник или партиски функционер – и која е болницата со која биле контактирани.

Според Манасиевски, Филипче со месеци молчел за ова прашање и го нарекол „пропаганда“ кога првпат се појавиле информации во јавноста. „Зошто се криеше визата, ако нема ништо спорно?“ – праша Манасиевски.

Златната виза за Дубаи обично се издава на инвеститори, бизнисмени или стратешки важни професионалци, овозможувајќи долгорочен престој и деловни активности во Емиратите.

 

 

 

Related posts

Отворањето на Уставот се наметнува како клучно политичко прашање за 2023

ninja

Значењето на Коридорот 8 се зголемува во новите околности

admin

Стари казни за новите функционери

admin

Лидерска средба за градење единство или за личен рејтинг?

admin

Плановите на Мицкоски: Орден за Орбан и соработка со Трамп

admin

Мицкоски на самитот ЕУ-Западен Балкан

admin