20.9 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Албанија на парламентарни избори, Рама цели на четвртиот мандат

Во крајбрежниот град Драч во саботата започна дистрибуцијата на изборниот материјал за избирачките места, додека во општината Круја процесот се одвива без инциденти, соопштија изборните власти. Во недела, на 11 мај, околу 3,7 милиони албански државјани ќе гласаат за избор на 140 нови пратеници во Парламентот, додека за првпат во историјата на земјата, гласот на дијаспората е вклучен во изборниот процес, пренесува Инбокс7.

Државниот изборен комесар Илирјан Целибаши ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање. „Вашиот глас е важен, секој глас е глас што треба да се слушне“, порача тој во јавен апел.

Според ДИК, 245.935 албански државјани регистрирани надвор од земјата се вклучени во избирачкиот список, а 93% од нив ја имаат добиено гласачката ливче, додека околу 81% го вратиле гласот по пошта. Властите признаа логистички тешкотии при доставата и враќањето на пликовите, особено во Грција.

Изборите ќе се одржат во услови на изборен молк по еден месец интензивна кампања. Комесарот Целибаши побара од изборните службеници на терен да постапуваат непристрасно и професионално. „Вашата улога е клучна за обезбедување слободни, правични и транспарентни избори“, изјави тој.

Изборниот процес ќе го следат 2.412 домашни и 925 меѓународни набљудувачи, меѓу кои 2.120 долгорочни и 1.217 краткорочни. Исто така, 54 медиуми ќе известуваат од теренот.

Целибаши упати апел и до 11-те политички субјекти учесници на изборите да обезбедат мирна атмосфера на избирачките места. „Комесарите, иако се предложени од партиите, се во служба на процесот и на граѓаните“, изјави тој.

Тој потенцираше дека секое мешање во волјата на гласачите е казниво според законот и ќе се третира со целосна сериозност.

За медиумите, Целибаши ја истакна важноста на непристрасно и точно известување. „Во овој важен ден, вашата улога е суштински дел од демократскиот процес“, рече тој.

Неделните избори ќе бидат важен тест за изборниот систем на Албанија и за нејзината посветеност на европските демократски стандарди.

Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама се очекува да издвојува уште една изборна победа наспроти поделената десничарска опозиција предводена од политичкиот ветеран Сали Бериша. Рама ја води Албанија од 2013 и ако победи на изборите во неделата тоа ќе значи четврт мандат на чело на владата на Албанија.

 

Related posts

Бујар Османи со силна осуда за руското признавање на Доњецк и Луганск

ninja

Поддршка од САД за уставните измени – можеби изгледаат минорно, но се тешки

admin

Таравари: Алијансата за Албанците донесува одлуки во интерес на граѓаните

admin

Ахмети: Надлежните да ги истражат Мерко и Дрин, стоиме на ставот за ветинг

admin

Русија го губи енергетскиот пазар, Германија потпишува 20 годишен договор за снабдување со течен гас од САД

admin

Мицкоски отворен за средба со Филипче, бара детали за планот за реформи

admin