27.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Арсовска: Наместо истрага, институциите го прикриваат криминалот во Чаир

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, обвини дека институциите на државата не само што не покренале истрага за случајот со нелегална легализација во Општина Чаир, туку активно учествувале и во обидите за прикривање на криминалот.

Според Арсовска, Општина Чаир во вторникот, во 14:44 часот, поднела Решение до Агенцијата за катастар на недвижности за поништување на претходното решение за легализација, за кое таа вели дека било донесено врз основа на фалсификувани документи. Решението, според неа, е антидатирано на 2 мај 2025 година, со цел да се создаде впечаток дека институциите реагирале пред јавноста да биде информирана за случајот.

„Не може да се прикрие фактот дека документот е доставен неколку часа по нашите пријави до МВР,“ напиша Арсовска на социјалните мрежи.

Таа ги обвини Владата и министерот за внатрешни работи дека, наместо да постапуваат, активно учествуваат во прикривање на доказите, дозволувајќи, како што рече, функционерите Висар Ганиу и Изет Меџити „да ги уништуваат доказите“.

„До сега требаше да бидете во општината и да ги обезбедите сите докази, наместо да им дозволувате да ги прикриваат своите дела,“ порача Арсовска, упатувајќи повик до Јавното обвинителство да преземе итна акција.

Таа ги повика и меѓународните претставништва – вклучувајќи ги Амбасадата на САД, Делегацијата на ЕУ, како и британската и германската амбасада во Скопје – да го следат случајот.

 

 

 

Related posts

Реакција: Корупцијата убива – трагичниот настан во Кочани е аларм

admin

Кој е Пригожин, “готвачот” кој тргна по главата на Путин?

admin

„Бламажа“ за Мерц, „црн ден“ за Германија

admin

Најновиот стелт-бомбардер е нуклеарен и само што го направи својот прв лет

admin

Вучиќ бара помош од Запад: Грижете се за Косово

admin

ЗОШТО МНОЗИНСТВОТО Е ПРОТИВ ВНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ?

ninja