20.9 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Бугарија и Македонија во судир околу напредокот на железничкиот Коридор 8

Бугарскиот заменик-премиер и министер за транспорт Гроздан Караџов ги отфрли обвинувањата од македонскиот министер Александар Николоски дека Бугарија не презема конкретни чекори за железничко поврзување во рамките на Коридорот 8.

„Го испративме договорот, каде е Николоски да го потпише? Додека тој зборува, возот веќе помина низ Перник, Радомир и стигна до Ќустендил, сега го чека македонскиот во Ѓуешево“, изјави Караџов во интервју за БНТ, пренесе агенцијата БГНЕС.

Тој додаде дека 90 отсто од трасата меѓу Радомир и Ѓуешево ќе биде сосема нова, со што ќе се овозможи брзина на возовите до 160 км/ч. „Во 2032 година, кога ќе имаме брз воз, ќе прашам дали на другата страна ќе има тунел“, рече Караџов, алудирајќи на забавената реализација од македонска страна.

Николоски, пак, во понеделникот изјави дека „Бугарија очигледно нема волја да ја изгради пругата“, наведувајќи дека над 15 официјални дописи останале без одговор. „На наша страна се делата, на нивна се зборовите“, изјави тој за МРТ.

Македонската влада потврди дека е примена бугарската нацрт-верзија на договорот за заедничка изградба и дека е формирано работно тело за негова анализа. Сепак, Николоски посочи дека има спорни точки и оти е потребна директна средба.

Министерот додаде дека Скопје не сака да инвестира во тунел кој, како што вели, не води никаде, и критикуваше дека Софија одлучила да не ја обновува делницата меѓу Перник и Ѓуешево во втората фаза на проектот.

Николоски исто така предупреди дека Бугарија развива алтернатива на Коридорот 10 преку Босилеград и Струма, што би ја маргинализирало Македонија. „Ако тој план успее, ние ќе останеме слепо црево на Балканот“, рече тој.

Бугарската влада во јануари и го испрати на Скопје предлог-договорот за изградба на прекуграничен железнички тунел, со цел договор за технички, правни и финансиски детали. Софија изрази подготвеност за брз почеток на преговорите.

Првата фаза од пругата на македонска страна, долга 31 км, беше пуштена во употреба во јануари. За втората, до Крива Паланка, изградени се 27.3%, со рок за завршување во 2026 година.

Двете земји досега одржаа две средби за третата фаза од проектот, последната во октомври, кога беше постигната согласност за заеднички проект и ревизија на трошоците.

 

 

Related posts

ДАЛИ ВЛАСТА ПАК ЌЕ КУПУВА ВЛИЈАНИЕ ВО МЕДИУМИТЕ?

ninja

Таравари: ВЛЕН падна на тестот на власта – од промена, се претворија во замена

admin

Груби: Време е за храбри одлуки и помирување

admin

Бесими: Постигнавме договор со синдикатите за раст на платите, следи ребаланс на буџетот

admin

Горчлив „меден месец“ на владината коалиција

admin

Ја памтите ли германска марка?

admin