33.8 C
Скопје
16 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има бизнис во Дубаи, од каде му се парите?

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешниот министер за здравство и член на СДСМ, Венко Филипче, молчи веќе една недела за потеклото на неговата „златна виза“, за која, според партијата, не обезбедил објаснување.

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција изјави дека Филипче ја напуштил државата пред шест дена преку граничниот премин Богородица, откако претходно, како што рече, му „се испушти“ дека поседува златна виза.

„Дали Филипче заминал за Дубаи преку Солунскиот аеродром за да се сретне со неговиот ментор Зоран Заев и да ги проверат градежните активности на нивната наводна зграда со 50 ката?“ праша Манасиевски.

Според него, Филипче сè уште не ги демантирал овие наводи, поради што, како што вели, „се поставува теоријата дека нашите тези се вистинити“.

„Ако има бизнис во Дубаи, од каде му се парите? Дали ги има стекнато на нелегален начин, со оглед дека сума од 500 илјади долари не се заработува лесно?“ запраша Манасиевски, алудирајќи на условот за добивање на таков тип резидентски статус во Обединетите Арапски Емирати.

Тој додаде дека Филипче досега не ја презентирал ниту нострифицираната диплома, ниту пак објаснил со која болница евентуално преговарал за добивање на златна виза.

„СДС и Филипче остануваат неми на нашите прашања. Каде е Венко Филипче? Дали планира да се врати во Македонија или ќе остане во Дубаи?“ праша Манасиевски.

Тој ги обвини СДСМ и Филипче дека се „симбол за неспособност, криминал и корупција“, наведувајќи дека „додека тука глумат загриженост, во Дубаи трошат пари украдени од граѓаните“.

 

 

Related posts

Гаши: Владата на Курти ќе биде соборена на есен

admin

Претседателство на Косово: Властите на Северна Македонија ги прекршиле меѓународните правила

admin

Италија испрати 40 одбиени баратели на азил во Албанија под новата шема за миграција

admin

Заменичката генерален секретар на НАТО во Литванија: НАТО ќе спречи каква било агресија

admin

„АКО УКРАИНА ПРЕСТАНЕ ДА СЕ БОРИ ТОА ЌЕ БИДЕ НЕЈЗИНИОТ КРАЈ“

ninja

Стармер најавува амбициозен план за одбрана со инвестиции во подморници, оружје и домашна гарда

admin