27.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Ганиу удри по Арсовска: Ѓубрето назад кај тие што го заборавија Чаир!

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, изјави дека заедно со граѓаните организирал акција за собирање отпад на територијата на општината, поради, како што рече, неисполнување на обврските од страна на Градот Скопје.

Според Ганиу, отпадот што ќе се собере ќе биде транспортиран директно пред институциите на Градот Скопје како симболичен протест поради, како што тврди, запоставување на Чаир од страна на градската администрација.

„Ова е екоцид врз нашите граѓани. Ние сме оставени во ѓубре, иако сме редовни даночни обврзници“, изјави Ганиу. Тој додаде дека Чаир заслужува чиста и уредна животна средина, еднаква со другите делови на главниот град.

Градоначалникот не прецизираше дали општината формално побарала интервенција од ЈП Комунална хигиена – Скопје, но упати апел институциите на градско ниво да постапуваат еднакво кон сите општини и нивните жители.

 

 

 

 

Related posts

Вучиќ удри по демонстрантите, го обвини Западот за потикнување немири

admin

Германија ги стопира проектите во Република Српска

admin

Блинкeн во посета на Кина, има ли простор за смирување на тензиите во односите помеѓу двете држави?

admin

Макрон не исклучува испраќање западни војници во Украина

admin

Украинските и руските трупи се борат за контрола на Киев

ninja

Пендаровски со жестоки критики кон Мицкоски – Николовски и Милошоски со остри реакции

admin