8.5 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Жена загина во експлозија пред банка во Солун – поврзана со затворен анархист и ограбувач на банки

38-годишна жена која загина во саботата наутро во експлозија пред банка во центарот на Солун била поврзана со познат анархист кој се наоѓа во затвор поради грабежи на банки, соопштија извори од полицијата и Министерството за заштита на граѓаните.

Според истите извори, жената била дел од кругот на анархистот, кој претходно бил обвинет за бомбашки напади и вооружени грабежи во Солун и Атина. Меѓу нападите што се поврзуваат со групата е и испраќањето на бомба-пакет до Апелациониот суд во Солун во февруари 2024 година.

Истата група била предмет на истрага на Антитерористичката служба истата година.

Жената претходно била уапсена заедно со анархистот по грабеж на банка во септември 2021 година. Таа носела автомат „Калашников“ во ранец и потоа била испратена во затвор. Грабежот се случил на улицата Митрополеос во Монастираки, а апсењето било извршено кратко потоа на булеварот Катехаки, при нивното излегување од такси.

Полицијата верува дека експлозивната направа експлодирала додека жената се обидувала да ја постави пред експозитурата на банката. Се разгледуваат две можни мотиви: симболичен политички чин или обид за кражба на пари од банкоматот.

Истрагата ја води Дирекцијата за борба против организиран криминал, со поддршка од Антитерористичката служба.

 

 

 

 

Related posts

Законот за амнестија по скратена постапка: Над илјада затвореници ќе бидат ослободени целосно или делумно

admin

Масовен бојкот на маркетите во регионот: Граѓански отпор против високите цени

admin

Управувањето со отпадот главен еколошки предизвик, а имплементацијата на законите за него потфрла

admin

ВИДЕО Од Ист Гејт до митингот на Вучиќ – бесплатен превоз, сендвичи и вода

admin

Германија: Нападот врз КФОР не смее да остане неказнет

admin

„Не“ за рудници во дворовите, не покрај нивите – Повик за гаранција за еколошки параметри во првата Стратегија за рударство

admin