20.9 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Кочанчанец се врза на бандера во Скопје, бара поддршка за повредените од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Жителот на Кочани, Мартин Кировски, денеска со леплива лента се врза за бандера на Плоштадот Македонија во Скопје, во знак на протест против, како што рече, колективното заборавење на трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која на 16 март загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени.

„Толку ли брзо нè заборавивте? Овие деца немаат прсти, ќе носат ракавици цел живот. Една чини 1.000 евра. Ако ништо друго, помагајте за нив,“ изјави Кировски, облечен во маица со логото на граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Тој додаде дека во пожарот загубил пет другари.

Кампањата има за цел да привлече внимание кон финансиските тешкотии на преживеаните, чие лекување продолжува. Според иницијативата, донациите драстично се намалиле.

Во меѓувреме, „Супорт Кочани“ соопшти дека повредените млади од пожарот кои се на домашно лекување, треба да се пријават за да добијат компресивна облека за заштита на изгорениците. Изработката ќе ја вршат стручњаци од бугарска компанија во координација со Општата болница во Кочани.

„Облеката е неопходна за заштита од сонце и ревитализација на кожата,“ рече д-р Кристина Серафимова, директорка на болницата.

Донацијата од 40.000 евра е обезбедена преку црквата „Св. Архангел Михаил“ од Нејви, Италија, и ќе се користи за набавка на облеката, информираа од „Супорт Кочани“. Изработувачите ќе бидат во Кочани од 12 до 14 мај.

 

 

 

 

Related posts

Трансфер на Кумановската група од Диво Насеље во Косово нема засега – потврди Министерството за правда

admin

Нема заеднички јазик за јазикот во Чашка – политиката ги затвори училниците

admin

Трамп и Зеленски одржаа итни разговори за Украина во Ватикан пред погребот на папата Франциск

admin

Израел и и германскиот државен резон: Што значи тоа?

admin

ЦИА ги отвори документите: Коронавирусот потекнува од лабораторија

admin

На самитот на министрите за надворешни работи на НАТО вниманието ќе биде насочено кон Рубио

admin