27.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Македонија: Над 450 жртви во сообраќајни незгоди за четири години, ревизија укажува на неефикасни мерки

Вкупно 457 лица загинале во сообраќајни незгоди во Северна Македонија во периодот од 2020 до 2023 година, покажува нов извештај на Државниот завод за ревизија, кој оценува дека институционалните мерки не се доволно ефикасни за намалување на бројот на жртви.

Во извештајот се наведува дека во изминатите четири години биле евидентирани над 31.000 сообраќајни незгоди, од кои речиси половина имале тешки последици по здравјето или животот на учесниците.

„Оценивме дека мерките и активностите што ги преземаат надлежните институции, иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот, не се ефикасни за постигнување на посакуваната состојба на национално и европско ниво“, се наведува во ревизорскиот извештај.

Во 2014 година, Владата потпишала договор со Светска банка за заем во износ од 52 милиони евра за подобрување на поврзаноста на националните и регионалните патишта со европските транспортни коридори и зголемување на безбедноста. Средствата биле наменети за Проектот за рехабилитација на патиштата, но ревизорите наведуваат дека резултатите се недоволни, и покрај целосната искористеност на средствата.

Националната стратегија за безбедност на патиштата 2015–2020 останува единствениот ваков документ, без направена евалуација за нејзината имплементација, поради тоа што Владата не формирала тело надлежно за следење на реализацијата.

„Нереализацијата на целите од стратегијата доведува до зголемување на бројот на незгоди и жртви. Ова е систем на поврзани садови – ако еден орган не ја заврши својата задача, нема целосен ефект“, изјави сообраќајниот инженер Дејан Трпевски.

Во периодот од 2019 до 2023 година, биле изречени над 45.000 казни за возење под дејство на алкохол, а повеќе од 86.000 казни биле издадени на лица кои управувале возило без возачка дозвола, стои во извештајот.

„Системот за полагање на возачки испит е нефункционален и го демотивира населението. Луѓето велат дека е полесно да возат без дозвола, бидејќи последиците се минимални – ќе платат казна и ќе продолжат“, додаде Трпевски.

Ревизорите исто така посочуваат дека системот „Безбеден град“, со кој управува Министерството за внатрешни работи, е технички функционален и редовно се финансира, но не се користи за санкционирање на прекршоци поради недоволна законска регулатива.

Сепак, според достапните податоци, Македонија бележи подобри резултати во однос на бројот на жртви во сообраќајни незгоди по милион жители во споредба со останатите земји од Западен Балкан, со исклучок на Косово.

Related posts

Што е УСАИД: “Гнездо на змии” или “играчка на Сорос”?

admin

Трамп е осуден. Што понатаму?

admin

Која земја произведува најмногу велосипеди во Европа?

admin

Кочани копа гробови за жртвите на пожарот во ноќен клуб

admin

Во Кавадарци се одбележи четири годишнината од членството во НАТО

admin

Мајски одговор за Мајскиот договор

admin