27.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски без конкретен одговор за евентуална коалиција со партии од „Европски фронт“

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во вторникот изјави дека во наредните денови се очекува поголема јаснотија околу новите политички договори и можните коалиции, но не даде конкретен одговор на прашањата дали се водат разговори со партиите од опозицискиот „Европски фронт“ за приклучување кон Владата.

Следната недела очекувам многу работи да бидат појасни. Да бидеме трпеливи“, изјави Мицкоски на прес-конференција во Скопје, коментирајќи ја политичката ситуација по одлуката на Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, да ја напушти владината коалиција.

На прашањата дали функционерите на Таравари ќе се повлечат со оставки или ќе бидат разрешени, Мицкоски одговори дека се водат разговори и најави повеќе информации во наредниот период.

Во периодот што следува многу работи ќе бидат појасни… Очекувам следната недела да биде појасна сликата за темите што ги поставивте“, рече премиерот, додавајќи дека за претстојниот викенд се закажани активности поврзани со кадровските прашања.

На вчерашниот состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски добил овластување да предложи нови кадри кои ќе ги заменат претставниците од Алијансата за Албанците, кои, според него, „се одлучиле да му се приклучат на ДУИ“.

Разговаравме за економската и политичката состојба, како и за кадровски прашања и подготовки за идни активности. Очекувам до крајот на месецот да излезам со предлози за кандидати за градоначалници“, рече Мицкоски.

Од Владата претходно беше соопштено дека нема да се врши целосна реконструкција, туку ќе се заменат министрите кои доаѓаа од редовите на АА.

Алијансата за Албанците во понеделникот официјално соопшти дека ја напушта Владата и преминува во опозиција, откако партиските органи едногласно ја поддржаа таа одлука.

Related posts

Мицкоски: Не ни треба Пржинска влада

admin

Поглед на речиси 50-те години на Бајден во политиката на САД

admin

Џафери: Има време да се заменат документите до избори

admin

Дивите депонии горат, смрдат, загадуваат – модерни центри за отпад нема

admin

Јапонија влегува во рецесија, сега Германија трета економија во светот

admin

Кина го обвини Пит Хегсет за поттикнување поделби во Азија поради говор „исполнет со провокации“

admin