27.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Муртезани: Расте незадоволството во Алијанса, можно е повеќе заминувања

Незадоволството меѓу функционерите и поддржувачите на Алијанса за Албанците ќе продолжи и во наредните денови, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани, коментирајќи го одлуката на лидерот Арбен Таравари за преминување во опозиција.

Изјавата доаѓа еден ден по најавата на пратеникот Салим Сулејмани дека се повлекува од сите партиски функции и од Собранието, во знак на протест против политичките насоки на партијата.

Мислам дека сите случувања во Алијансата за Албанците предводена од Таравари се знак дека одлучноста на структурите и подготвеноста да не завршат во прегратките на Али Ахмети се многу поголеми од калкулациите на Таравари,“ изјави Муртезани. „Според наши неофицијални информации, револтот е голем и тој тренд ќе продолжи.“

На прашањето дали се очекуваат нови премини во коалицијата ВЛЕН, каде припаѓа и тој, Муртезани не откри детали, но нагласи дека ситуацијата во Алијанса е „динамична“ и дека „треба да се почекаат следните денови“.

Сулејмани, кој беше дел од пратеничката група на Алијанса, во својата оставка посочи дека влезот во коалиција со ДУИ во пресрет на локалните избори претставува „сериозно отстапување од принципите“ на партијата, поради што се одлучил на овој чекор.

Related posts

Министерката Божиновска дел од приказна за производство на еко хулахопки во Чешка

admin

БРИКС ниту блиску до доларот – шефот на банката на Бразил го уби митот за нова супервалута

admin

ВИДЕО Роботи од Кина трчаа на полумаратон со луѓе – изгубија убедливо

admin

ЕВРОПОЛ удри по Балканската мафија, претходно ја преби нивната платформа за комуникација Sky-ECC

admin

Лидерите на ЕУ не се договорија за челниците на институциите на Унијата

admin

Се повлекува ли Ердоган од политиката?

admin