По средбата меѓу лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, и премиерот Христијан Мицкоски, раководството на партијата синоќа го потврди својот став: Алијансата за Албанците не е политички декор, туку клучен фактор во владеењето засновано на јасни принципи и одговорна визија.
Партијата останува посветена на еднаквоста, чисти институции и држава што ги почитува сите граѓани без разлика, се наведува во соопштението на генералниот секретар Блеран Рамадани.
„Овој пристап не е нов за нас, туку дел од политичката ДНК на Алијансата“, изјави Рамадани, додавајќи дека визијата на партијата се темели на јасна ориентација кон функционална и инклузивна држава, а не на привремени компромиси.
Според него, коалициското владеење не е самоцел, туку средство за постигнување конкретни резултати во интерес на граѓаните. „Ние не правиме компромиси со достоинството и ќе продолжиме да бидеме веродостоен глас на Албанците и на заедничката иднина“, рече Рамадани.