9.2 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ССМ протестира за повисоки плати и подобри услови за работа на Меѓународниот ден на трудот

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во четвртокот организираше протестен марш во Скопје, барајќи зголемување на минималната плата на 500 евра, покачување од 100 евра на сите останати плати, како и почитување на колективните договори и работничките права.

Маршот почна пред Работничкиот дом, по што демонстрантите се упатија кон Собранието, Стопанската комора и Владата, каде што ги повторија своите барања. Според претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, работниците имаат малку причини за славење и многу за протестирање.

„Бараме 500 евра минимална плата, 100 евра зголемување на сите останати плати, почитување на колективните договори и достоинствена плата за секоја работа“, изјави Трендафилов пред насобраните демонстранти.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) одби да учествува во протестот. Нејзиниот претседател, Благоја Ралповски, изјави дека во земјата постои добар социјален дијалог и дека „проблемите секогаш се решаваат на маса“.

Меѓународниот ден на трудот се одбележува на 1 мај во повеќе од 80 земји во светот во чест на работничките протести во Чикаго во 1886 година, кога се барало воведување на осумчасовно работно време. Движењето било официјализирано во 1889 година со Декларацијата на Втората интернационала, со повик за глобални работнички демонстрации.

По повод празникот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова испрати порака во која истакна дека 1 Мај е ден за признание на работниците и нивниот придонес кон општеството. Таа нагласи дека државата има уставна обврска да обезбеди социјална правда, хуманизам и солидарност.

„Социјалната правда не смее да се применува селективно. Таа подразбира правична плата, квалитетни услови за работа, безбедност и можност за напредок. Гласот на работникот мора да се слушне“, изјави Сиљановска-Давкова.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во својата честитка порача дека работниците се основата на македонското општество и економија.

„Наша врвна обврска како институции е да создадеме услови за сигурна, правична и достоинствена работа. Вашиот труд заслужува почит и поддршка“, изјави Гаши.

 

 

 

Related posts

Конкуренција и инклузивност: Што предвидува Кластер 3 од преговарачкиот процес?

admin

Гир: Треба радикална акција во судството

admin

Ковачевски: Добро е што опозицијата не е против уставните измени

admin

Владата отворена за договор меѓу синдикатите и работодавачите за минималната плата, но без субвенции

admin

Путин: Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели

admin

Во својот џеб инкасирал хонорар од 354.000 евра, колку што чини еден стандарден македонски филм

admin