27.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари: Абсурдно е да те критикуваат пензионери на ДУИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во понеделникот му одговори на лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, кој упати низа критики по најавата дека фракцијата што ја предводи Таравари ќе ја напушти Владата и ќе премине во опозиција.

Таравари ја образложи одлуката со „недоверба и неисполнети ветувања“ од страна на коалициските партнери. Во објава на Фејсбук, тој индиректно го критикуваше Меџити, нарекувајќи го „ветеран и пензионер на ДУИ“ кој, според него, „се заслепил од сјајот на власта“.

„Апсурдно и иронично е кога за промени зборува некој кој ја напуштил ДУИ поради конфликт на интереси. Да се оди со тебе значи да се парализираш“, напиша Таравари.

Меџити возврати преку социјалните мрежи, обвинувајќи го Таравари дека не ја донел ветената промена, туку дека ја спречил. Тој додаде дека Таравари „не се враќа кај народот, туку на црната листа“.

„Ти не ја напушташ Владата – ти ја предаде. Ти си разочарување за секој Албанец, интелектуалец или неписмен, работник или стопанственик“, напиша Меџити.

Во својата изјава, Меџити ја нагласи посветеноста на коалицијата ВЛЕН кон политичките реформи и ги повика членовите на Алијансата за Албанците кои се чувствуваат „излажани и предадени“ да се приклучат кон неговиот блок.

„Политичкиот компас на промената е ВЛЕН. Со отворени раце ги пречекуваме сите што се чувствуваат изгубени“, изјави тој.

Размената на обвинувања доаѓа во време на засилени политички превирања и најавени преструктурирања во владејачката коалиција.

 

Related posts

Форум за потребата од вмрежување на образованието, науката и економија базирана на иновации

admin

ЗАЈАКНАТИ КОНТРОЛИ И КАЗНИ ЗА ЗАГАДУВАЧИТЕ

ninja

“Ако утре ме нема”: Пророштвото на еден голем човек

admin

Осум Македонци се изјасниле како Албанци за да добијат работа во општината

admin

“Не сум веќе Американец, сега сум Русин”

admin

Петте поенти од говорот на Урсула фон дер Лајен

admin