20.9 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари под притисок: Владината коалиција го условува останувањето со прекин на врските со ДУИ

Арбен Таравари, лидер на едно од крилата на Алијанса за Албанците (АА) и актуелен министер за здравство, добил последна шанса да остане во Владата, под услов да прекине каква било соработка со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и нејзините опозициски партнери пред локалните избори, велат извори блиски до владата.

На средбата со премиерот Христијан Мицкоски, Таравари бил повикан да ја разјасни позицијата по неодамнешните сигнали за можна коалиција со ДУИ на локалните избори. Иако состанокот бил оценет како конструктивен, според информации од владини извори, лидерите на коалицијата Вреди – Изет Меџити, Билал Касами и Зеќирија Ибрахими – остануваат категорични во одбивањето на секоја понатамошна соработка со Таравари, обвинувајќи го за двојна игра.

Разговорите околу судбината на АА во Владата ќе продолжат до крајот на мај, но состаноците ќе се водат на пониско ниво, меѓу пратеници и заменици министри, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јасно му беше ставено до знаење дека соработка со ДУИ е неприфатлива доколку сака да остане дел од Владата“, изјави извор вклучен во разговорите.

Таравари најави дека партијата ќе излезе со свои советнички листи и кандидати за градоначалници, што дополнително ги продлабочи поделбите во редовите на АА. Потезите на Таравари се толкуваат како потенцијален обид за политичко позиционирање пред локалните избори, додека противниците го обвинуваат дека ѝ дава нова шанса на ДУИ, која според нив, била на раб на политички колапс.

„Бесата е ветување што не се крши. Лебот што се крши, не се лепи“, напиша Меџити на Facebook, во критика упатена до Таравари.

Во меѓувреме, неформалниот координатор на Вреди, Беким Ќоку, порача дека вратата е отворена за сите пратеници од АА кои сакаат да се приклучат кон нивната нова парламентарна група, потенцирајќи дека политичкиот проект продолжува без разлика на одлуката на Таравари.

Премиерот Мицкоски изјави дека мнозинството останува стабилно и оти АА треба да одлучи дали ќе остане на линијата на промените или ќе коалицира со, како што рече, „оние кои ја криминализираа државата во последните години“.

Од Европскиот фронт, коалицијата предводена од Али Ахмети, пратеникот Сали Мурати порача дека тие се отворени за соработка, но оцени дека „Вреди“ функционира како „коалиција меѓу мајстор и чирак“, без легитимитет кај албанското гласачко тело.

Политичкиот аналитичар Џенур Исени во изјава за телевизија Алфа оцени дека потезите на Таравари ѝ овозможуваат на ДУИ да избегне целосен пораз на локалните избори, оценувајќи дека без него, коалицијата Вреди ќе имала реални шанси да го надмине влијанието на Ахмети.

Павле Трајанов, национален координатор за борба против насилен екстремизам, за ТВ24 изјави дека несогласувањата во коалицијата се пред сè поради распределбата на позиции и изборните стратегии, и предупреди дека протестите најавени од ДУИ се етнички мотивирани и селективни.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Бојан Стојаноски порача дека Таравари има две опции – да остане во Владата или да избере соработка со ДУИ. „Нема трета опција“, изјави тој, додавајќи дека евентуалните промени нема да го загрозат владиното мнозинство.

Резултатите од локалните избори, според него, ќе бидат индикатор дали има потреба од предвремени парламентарни избори.

 

 

Related posts

На 13 август Меџити ќе ја промовира новата партија, во најава за формирање уште 2 нови субјекти

admin

ШОК ИЗЈАВА ОД ВМРО-ДПМНЕ: Таравари се интересирал само за бизнисите на Заев и Груби!

admin

Донесен деловник за уставните измени, формулацијата „20 проценти“ не се чепка

admin

Османи се сретна со Клеверли и Докерти, па се упати кон Олд Трафорд за да ја бодри репрезентацијата

admin

Ахмети: По изборите можна е национална влада за уставни измени

admin

ДОАЃА АМБАСАДОРОТ АГЕЛЕР, ПРИОРИТЕТ – БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

ninja