16.4 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Турски државјанин застрелан во кафе-бар во Штип, напаѓачот фатен по полициска потера

Дваесет и петгодишен турски државјанин беше убиен во кафе-бар во центарот на Штип откако 21-годишен сонародник отворил оган врз него по кратка вербална комуникација. Напаѓачот, кој прво се повлекол во тоалет, се вратил вооружен и испукал неколку куршуми во жртвата, која подоцна им подлегнала на повредите во болница.

Полицијата соопшти дека напаѓачот имал организиран план за бегство, со логистичка поддршка од четворица турски државјани. Тој се обидел да избега со такси, додека четворицата се движеле со БМВ како извидници, насочени кон Скопје.

Брза реакција на полицијата – со објавување снимки од нападот преку локални медиуми и социјални мрежи – доведе до поставување блокади на повеќе локации, вклучително и на наплатната рампа кај Миладиновци, каде биле сопрени осомничените.

„Во 22:15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило ‘БМВ’ со штипски регистарски таблички, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода,“ изјави портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Напаѓачот бил фатен пешки во нива на околу 300 метри од патарината, а еден од помагачите, возачот на БМВ-то, првично успеал да избега, но подоцна излетал од патот и бил приведен.

На местото на убиството се собрани докази, меѓу кои чаури и оружјето, а телото на жртвата е испратено на обдукција. Обвинителството отвори истрага, но не соопшти детали за мотивите.

МВР потврди дека напаѓачот легално влегол во земјата ден пред нападот, што му бил трет престој во Македонија. Убиениот бил пријавен како студент, но имал евиденција за поседување дрога. Мотивите за убиството, според полициски извори, се движат од лична пресметка до можен договорен напад.

Истрагата ќе продолжи да проверува дали во инцидентот биле вмешани и други турски државјани.

 

 

 

 

Related posts

Антивладини протести во Србија: 56 повредени, 22 уапсени

admin

Рокас: Ќе има дипломатска офанзива во наредните месеци

admin

Македонските христијани го одбележаа Велигден со пораки за духовна обнова и општествена солидарност

admin

Ветингот му пресуди на претседателот на Уставниот суд на Албанија

admin

Борел: Гласачите, од страв, би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ

admin

Дуално стручното образование го зголемува вработувањето на младите

admin