20.9 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Филипче: СДСМ останува на страната на работниците, и во власт и во опозиција

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, изјави дека партијата останува посветена на заштита на правата на работниците и покрај тоа што се наоѓа во опозиција.

„Секогаш сум имал длабока почит кон секој што со својот труд го движи општеството напред. Како претседател на СДСМ, мојата обврска е таа почит да се претвори во реална политика за поддршка на работниците“, наведе Филипче.

Тој потсети дека за време на владеењето на СДСМ се работело на зголемување на платите и подобрување на работните услови, а партијата, како што рече, ќе продолжи со таа агенда и во опозициски статус.

„Сè уште сме далеку од фер и праведно општество што целосно го вреднува трудот. Но, СДСМ нема да престане да се бори за тоа“, изјави Филипче.

Тој порача дека 1 Мај не треба да биде само празник, туку и потсетник дека секој работник заслужува достоинствена плата, време за семејството и глас што се слуша.

 

Related posts

Мицкоски за ФАЦ: Груевски и Владата имаат „валкан дил“

admin

Трамп ја започна светската трговска војна

admin

Мајски одговор за Мајскиот договор

admin

Полицискиот инспектор што шверцувал монети во Косово бил незаконски вработен во МВР

admin

Бугарскиот претседател ја критикува поддршката на ЕУ за Украина, вели дека војната е „осудена на пропаст“

admin

Владата бара да се штеди дома, а се расфрла во странство

ninja