13.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Павловски за Сител: Мицкоски е одличен домаќин, секогаш размислувам како да ѝ помогнам на Македонија

Основачот на платформата „Rumble“, Крис Павловски, во интервју за емисијата „Тема на ден“ на телевизија Сител, изјави дека премиерот Христијан Мицкоски е „одлична личност и домаќин“, и дека постојано размислува како да придонесе за напредокот на Северна Македонија.

„Имав чест да го запознаам премиерот пред многу години на краток состанок. Во изминатите години, развивме добри односи – тој прифаќа идеи и е одличен домаќин“, рече Павловски, кој има македонско потекло.

Тој нагласи дека има силна емоционална врска со земјата преку своето семејство. „Мојот татко е од Преспа, мајка ми е од Мариово. И двајцата се од мали села од тие региони. Ја сакам Македонија и сакам да ѝ помогнам на секој можен начин“, рече Павловски.

Тој потсети дека уште во 2011 година инвестирал во компании во земјава и вработил голем број луѓе, додавајќи дека и самата компанија Rumble има значително присуство во Македонија.

„Секогаш мислам на Македонија и на начините како да придонесам за нејзин напредок“, додаде тој.

 

 

 

 

Related posts

Брајб-Гејт: Вотергејт на Бајден?

admin

Мицковски: Од државотворна СДСМ се претвори во измеќар на ДУИ

admin

Јапонски министер поднесе оставка поради изјава дека добивал ориз бесплатно наместо да го купува

admin

Разунавачките служби ќе се спојуваат во една агенција

admin

Соло играта на Таравари оди кон расплет или заплет?

admin

ТУЕЛНО Џо Бајден потпишува извршна наредба за владин надзор на криптовалутите

ninja