32.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

“Арамиите на Алтернатива” – хакерите ја преименувале страната на партијата на спикерот Гаши

Официјалната страница на политичката партија Алтернатива на Фејсбук е преименувана во „Хајнaт e Алтернативa“ (Арамиите на Алтернатива), по што партијата соопшти дека страницата е хакната од лице по име Месуд Бајрами.

„Го информираме јавноста дека официјалната страница на Алтернатива е хакната од лицето Месуд Бајрами. Случајот е пријавен во надлежните институции, конкретно во Министерството за внатрешни работи,“ се наведува во соопштението.

Од партијата истакнаа дека Бајрами е исклучен од сите органи на Алтернатива и дека нема никаква поврзаност со партијата.

Наскоро по промената на името на страницата, на неа беше објавен статус со директни обвинувања за корупција:
„Зеќирија Ибрахими и Башким Муртези, излезете и кажете кој краде и од тендерите на Здравствениот дом во Куманово,“ напиша Месуд Бајрами на неговиот личен профил, претставувајќи се како член на Централното претседателство на Алтернатива.

Партијата Алтернатива е дел од коалицијата ВЛЕН, при што нејзин претседател е Зеќирија Ибрахими. До лани партијата ја водеше актуелниот спикер на Собранието, Африм Гаши.

Related posts

ЗОШТО ВО БУГАРИЈА ПАК ЕЧИ „МАКЕДОНИЈАААА!“

ninja

Обвинение против 10 лица за злоупотреба на службена положба во РЕК Битола

admin

ОСУМДЕСЕТ ГОДИНИ БОЛКА

ninja

Огромен безбедносен пропуст: Новинар случајно доби тајни детали за нападите врз Хутите

admin

Израел ќе одбие визи за претставници на ОН по говорот на Гутереш за војната во Газа

admin

МЕЏИТИ – ПОВЕЌЕ ИЗЛЕГУВААТ ОТКОЛКУ ШТО ВЛЕГУВААТ ВО ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО

ninja