29.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ВЛЕН: Апасиев го потврди коалицискиот сојуз со ДУИ и Арсовска, на штета на жителите на Чаир и Сарај

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, јавно го потврди и, како што оцени ВЛЕН, го „бетонираше“ коалицискиот сојуз меѓу неговата партија, ДУИ и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

„Апасиев даде отворена поддршка за Арсовска и нејзините активности што, според нас, се диригирани од ДУИ и се спроведуваат на штета на жителите на Чаир и Сарај,“ се наведува во соопштението.

Од ВЛЕН велат дека оваа соработка има за цел да ги прикрие и заштити бесправно изградените објекти наводно поврзани со бизнис-партнери на кланот на ДУИ во Скопје, Сарај и Шуто Оризари.

„Целта е вината да се префрли врз обични албански семејства кои легализирале по едно мало станче од 50-60 квадрати, додека зад сцената се кријат депоа, базени, згради и објекти што ги поседува Кланот на ДУИ,“ се наведува.

ВЛЕН обвини дека Арсовска има „лична корист“ од оваа соработка, додека јавните претпријатија не ја вршат својата работа токму во албанските населби. „Улиците не се мијат, сметот не се собира – сето тоа е резултат на коалицијата меѓу Блерим Беџети, Апасиев и Арсовска,“ велат од ВЛЕН.

Партијата тврди дека коалицијата е видлива на секоја седница на Советот на Град Скопје, каде, според нив, Левица гласа за извештаите на директорите од ДУИ, а ДУИ возвраќа со поддршка за директорите од Левица.

Во соопштението се цитира и поранешниот заменик-градоначалник Александар Трајановски, кој, според ВЛЕН, ја потврдил коалицијата меѓу Левица, ДУИ и Арсовска.

„Албанците во Скопје мора да разберат дека хаосот, загаденоста и урбаното дивеење се резултат на личните интереси на Кланот на ДУИ и Арсовска,“ наведува ВЛЕН.

Партијата потсетува на неисполнетото ветување на Арсовска од 12 октомври 2021 година, кога таа најави посебна програма за решавање на инфраструктурните проблеми во Сарај, вклучително и изградба на кружен тек и поврзување на канјонот Матка со автопатот. „Мандатот изминува, а ништо не е реализирано,“ наведуваат.

Во Чаир, како што велат, состојбата е уште полоша – без нови булевари и паркови, и покрај претходните ветувања.

„Она што беше реализирано, без да биде ветено, е поделбата на раководните позиции меѓу кадрите на Блерим и Апасиев,“ се вели во соопштението.

ВЛЕН апелира до градоначалничката Арсовска да ги ангажира јавните претпријатија да ја вршат својата работа, оценувајќи дека „Скопје, Сарај и Чаир се гушат во отпад и нечистотија.“

„Ќе има одговорност. Граѓаните не се слепи. Доста беа потценувани,“ се додава во реакцијата.

Партијата ја повикува ДУИ да престане да се повикува на патриотизам, додека, како што велат, „соработуваат со Апасиев“.

„Доста беше со ДУИ и со еден изветвен систем на штета на Албанците,“ се вели.

ВЛЕН најави дека во наредните денови ќе ја информира јавноста со детали за бесправните објекти кои, според нив, се поврзани со Кланот на ДУИ во Сарај и Шуто Оризари. Истите информации, како што наведуваат, ќе бидат доставени и до Министерството за внатрешни работи, Државната комисија за спречување на корупција и Обвинителството.

„Јавноста ќе го види вистинскиот лик на Арсовска, ситните интереси на Апасиев, но и целата криминална империја што стои зад Кланот на ДУИ,“ се наведува во заклучокот.

 

Related posts

Ердоган: Никој не може да го спречи “Векот на Турција”

admin

САД го предупреди Иран: Војната Израел-Хамас да не прерасне во регионален конфликт

admin

“Моето сеќавање е добро, по ѓаволите”, гневно реагираше Бајден

admin

Брегу: Регионалните институции можат да играат клучна улога кога глобалните се во криза

admin

Георг Георгиев: Препреговори со Северна Македонија не се можни

admin

Блинкен: „Реална можност“ за договор за ослободување на заложниците по убиството на лидерот на Хамас

admin