35.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дипломатска битка во Брисел: Мицкоски тврди – Се нападнал македонскиот јазик и идентитет, но Владата го спречи ударот!

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, изјави дека добил „вознемирувачки информации“ за, како што рече, силна активност на одредени политичари во Брисел насочена против македонскиот јазик и идентитет, но оти владата успеала да го спречи обидот.

„Очекувам силна порака од Европскиот парламент во поддршка на македонскиот идентитет и јазик. Успеавме да го амортизираме ударот кој повторно некој сакаше да го нанесе,“ рече Мицкоски при отворањето на реконструираниот регионален пат Понов мост–Богданци.

Тој додаде дека веднаш по добивањето на информациите реагирал заедно со министерот за надворешни работи, организирајќи дипломатски активности за, како што рече, да се „амортизира обидот за редефинирање на јазикот со термини како ‘модерен’ или ‘сегашен’ македонски“.

„Целта беше создавање нова нација и нарушување на кредибилитетот на ЕУ. За среќа, мнозинството европратеници ги поддржуваат нашите аргументи,“ изјави Мицкоски.

Прашан за денешната трибина на СДСМ насловена „Македонија понижена – една година Влада“, Мицкоски рече дека фокусот на неговата влада останува на, како што наведе, расчистување со долговите оставени од претходната власт.

„Нема веќе прифаќање на сè што ќе биде сервирано. Нема да потпишуваме билатерални договори кои го загрозуваат македонскиот идентитет,“ нагласи премиерот.

Претходно, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини владата дека ги има понижено работниците, земјоделците и младите.

„По една година од владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, Македонија изгледа како држава со повредено достоинство и разочарани граѓани, а не како просперитетна земја со јасна насока,“ рече Филипче на партиската трибина.

Related posts

Муртезани: Никогаш не сум кажал дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени до крајот на годината

admin

“Нема пукнатини во системот на Путин”

admin

23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба

admin

САД одбиле да и дадат Ф-16 на Бугарија

admin

ШОЛЕ И ЕСКОБАР ЈА ОДЛОЖИЈА ПОСЕТАТА НА СКОПЈЕ

ninja

Заев за ТВ 24: Не е точно дека сум имал тајни средби со Груевски и Ахмети за КЗ

admin