24.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

“Европски” станува “Национален” фронт: Ахмети ги обедини Села и Таравари

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе настапи на претстојните локални избори како дел од коалицијата „Европски фронт“, која партијата сè почесто ја нарекува и „Национален фронт“, изјави во четвртокот партиската претставничка Рина Ајдари.

Ајдари потврди дека се водат разговори и со крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари, но додаде дека сè уште не е договорена конечната распределба на општините меѓу коалициските партнери.

„Ќе настапиме со заеднички листи. Поделбата на општините е тема на разговор. Во моментот кога ќе има конкретна одлука, верувам дека претседателот Али Ахмети или портпаролите на партијата ќе излезат со заклучок кој ќе биде споделен со јавноста“, изјави Ајдари.

На прашање дали веќе е постигнат договор со АА-Таравари, таа одговори:

„Се водат разговори, и штом ќе има заклучок, ќе бидете информирани“, рече Ајдари.

За користењето на двата имиња на коалицијата, Ајдари додаде:

„Национален фронт, Европски фронт – целта е иста. Верувам дека само на овој начин можеме да им се спротивставиме деструктивните и дискредитирачки политики на владата“, нагласи таа.

ДУИ ќе има свои кандидатури во десет општини: Тетово, Чаир, Кичево, Боговинe, Брвеницa, Желино, Студеничан, Липково, Долнени и Чашка. Крилото на АА предводено од Зијадин Села ќе настапи во три општини: Струга, Дебар и Арачиново, додека групата на Таравари ќе конкурира во четири: Гостивар, Врапчиште, Сарај и Теарце.

Оваа распределба произлегува од договорот меѓу лидерите Али Ахмети, Зијадин Села и Арбен Таравари, кој се очекува да биде официјализиран во наредните денови.

Според договорот, коалицијата ќе настапи со заеднички листи во сите општини, со целосен фокус на обезбедување убедлива победа на „Европскиот фронт“, сега реформиран и промовиран и како „Национален фронт“.

Коалицијата е уверена дека ваквата соработка ќе резултира со апсолутна победа и досега невиден резултат на национално ниво.

Related posts

Германски воен офицер уапсен поради шпионирање за Русија

admin

Анкета на МКД: Мицкоски и Ахмети најпопуларни политичари

admin

Џафери: Не е вистина дека сум примил допис или материјали од Груевски

admin

Трамп има можност доброволно да се предаде до 25 август напладне

admin

Поранешниот шеф на НАТО, Јенс Столтенберг: Досега велевме блеф на Путин

admin

Европската комисија започна со исплата на средствата од Планот за раст, Косово и Србија сè уште без финансирање

admin