Германската СПД не е задоволна од својот лидер Клингбајл. Но, не може да си дозволи да ја поткопа позицијата на сегашниот вицеканцелар. Затоа тој беше реизбран на партискиот конгрес со историски ниска поддршка.
Многу учесници на партискиот конгрес на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) ги мачеше тешка дилема: дали треба да го потврдат сегашниот лидер Ларс Клингбајл на неговата позиција или да му одбијат послушност? Тој долго време проповеда „промена“ меѓу социјалдемократите, но таа промена не е нешто во што може да се најде традиционалната работничка партија. Сè уште речиси и да не се зборува за каква било солидарност меѓу вработените, туку се чини дека сè се сведува на опортунизам.
Многу стари кадри беа испратени „во пустина“ затоа што повеќе нема простор за нивните левичарски идеи. А начинот на кој Клингбајл ја води СПД не е нешто што задоволува: наместо дискусии, полемики и транспарентно донесување одлуки, практиката стана донесување одлуки зад затворени врати. Самиот Клингбајл собра големи моќи: тој не е само лидер на СПД, туку и вицеканцелар и министер за финансии.
Гласна шлаканица за лидерот
СПД не помина добро на неодамнешните избори, а Клингбајл ја префрла целата вина на поранешниот канцелар Олаф Шолц. Секако, слабиот успех е и негова вина, но Клингбејл веќе беше лидер на партијата и неговите „промени“ очигледно не наидоа на одѕив кај гласачите.
Поранешниот германски канцелар Олаф Шолц седи со насмевка на лицето, додека околу него стојат неговите сопартијци од СПД и му ракоплескаат на конгресот на партијата во БерлинПоранешниот германски канцелар Олаф Шолц седи со насмевка на лицето, додека околу него стојат неговите сопартијци од СПД и му ракоплескаат на конгресот на партијата во Берлин
Доскорешниот германски канцелар Олаф Шолц (во средина): Многу во неговата СПД го сметаат за главен виновник за лошиот резултат на партијата на неодамнешните избориФотографија: Christian Mang/REUTERS
Но, што треба да прават сега на партискиот конгрес во Берлин? Бидејќи негласањето за Клингбајл значи поткопување на позицијата на социјалдемократите во оваа влада, дури и ако не се задоволни од него.
Таа навидум нерешлива дилема на делегатите се виде во исходот од изборите – а и на лицето на Ларс Клингбајл се покажа како ја разбрал шлаканицата која ја доби од претставниците на партијата. Само 64,9 отсто од гласовите – не сметаше на толку лош резултат. „Можете да замислите – овој резултат е тежок за мене. Ќе кажам отворено овде: се надевав на подобро“, рече Клингбајл.
Клингбajл за малку го избегна најлошиот резултат во историјата на претседателските избори на СПД. Оскар Лафонтен доби најмала поддршка во 1995 година – 62,6 проценти – но за разлика од Клингбајл, тој имаше противник – Рудолф Шарпинг.
„Таа е вистинската!“
Нова надеж на партијата сега треба да биде втората во дуото кое ги предводи социјалдемократите, Бербел Бас. Делегатите ја избраа со 95 отсто од гласовите, што ѝ даде голем поттик. Таа се опишува себеси како спротивност на Клингбајл. Бас, која изгради кариера преку образование за возрасни по завршувањето на основното училиште, нагласи дека нема да бира зборови. Политиката на СПД не смее да ја разберат само високообразованите – порака што критикува како СПД изгубила контактот со многумина.
Притисокот сега е врз неа да ја врати довербата на социјалдемократите. „Има многу рани кои мора да ги залечиме“, рече Бас во емисијата Тагестемен на телевизијата АРД. Таа сака да се бори во рамките на машката коалиција и доби силен аплауз во студиото кога ги спомена проблемите на жените во политиката. „Како жена во политиката, сè уште сте изложени на тоа сексистичко ѓубре“, рече таа. „Ние жените сочинуваме половина од општеството. Бараме она што ни припаѓа – и тоа е едноставно така.“
Новоизбраната копретседателка на германската СПД, Бербел Бас со кренати раце и насмевка ги поздравува партиските членови околу неа, кои ракоплескааатНовоизбраната копретседателка на германската СПД, Бербел Бас со кренати раце и насмевка ги поздравува партиските членови околу неа, кои ракоплескааат
Нова надеж на СПД: новоизбраната копретседателка на партијата, Бербел БасФотографија: Odd Andersen/AFP/Getty Images
„Ние сме здодевна партија“
Заедно со Клингбајл, СПД сака повторно да стане партија која се грижи за луѓето – вистинска народна партија. За тоа, според социјалдемократот Хубертус Хајл, потребно е најпрво едно: нови стимулации. И тоа однадвор. Социјалдемократската партија е, рече тој без разубавување – здодевна. Потребни ѝ се нови идеи, нови лица – како Тим Клисендорф, кој подоцна беше избран за генерален секретар со повеќе од 90 проценти од гласовите.
Клисендорф сега мора да покаже дека навистина ќе ја промени партијата, дека сериозно ќе го анализира лошиот изборен резултат. А тоа значи и повеќе дискусии. И како што вели Хубертус Хајл – повеќе контроверзии околу содржината, кога станува збор за новата фундаментална програма која треба да биде готова до 2027 година. „Народната партија не значи дека треба да оставите сè на мира“, вели Хајл. Важно е да се водат дискусии. „И мора да се донесе одлука. И тоа во надворешната и во безбедносната политика. Дури и кога боли.“/DW