24.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Нема спас – горивата поскапуваат, а Владата „немоќна“

Цените на горивата повторно се зголемуваат, но Владата нема никаков инструмент за интервенција бидејќи станува збор за производи чии цени се формираат на светските берзи, изјави во понеделник министерката за финансии, Гордана Димитриовска-Кочоска.

„Станува збор за берзански производ, каде што не можеме апсолутно никако да влијаеме. Ќе ја следиме состојбата и ќе видиме како ќе се развива. Во моментов цените не се екстремно високи, но имало години со повисоки нивоа. Владата не може да интервенира во вакви случаи“, рече Димитриовска-Кочоска.

Таа одби да коментира детали за евентуални економски мерки што ги најави премиерот пред два дена, посочувајќи дека ова прашање е во надлежност на ресорните институции.

„Министерството за финансии не е надлежно за оваа област. Станува збор за енергетски производи, а тука се Министерството за економија и Министерството за труд. Ќе ги оставиме тие да ја завршат работата, а потоа ќе излеземе со став како Влада“, додаде министерката.

Комисијата за енергетика (КРРЕ) денеска објави дека од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на сите видови гориво. Цената на EUROSUPER BS-95, EUROSUPER BS-98 и EURODIZEL (D-E V) ќе порасне за 1,5 денари по литар.

Според новите цени:

  • BS-95 ќе чини 76 денари за литар,
  • BS-98 ќе се продава за 78 денари,
  • нафтата ќе достигне 67,5 денари,
  • додека екстра лесното масло за домаќинства ќе се продава исто така за 67,5 денари за литар.

Ценовните корекции доаѓаат во услови на нестабилности на глобалните пазари, а властите најавуваат дека ќе продолжат да ја следат ситуацијата, иако не се очекува директна интервенција во краток рок.

 

 

Related posts

Дали Минхенската безбедносна конференција ќе биде почеток на крајот на војната во Украина?

admin

САД-Кина: Трговскиот конфликт ризикува да прерасне во финансиска војна

admin

Сиљановска и Вучиќ го одбележаа 2 Август во „Прохор Пчински“

admin

Ковачевски почнува разговори за широк Европски фронт

admin

Зеленски предложи компромис: Украина е подготвена да прифати безбедносни гаранции, кои не вклучуваат членство во НАТО

ninja

Незири за бугарската БНТ: Уставните измени ќе поминат, опозицијата нема да ги блокира

admin